Северна Кореја е раположена да преговара со официјален Сеул, па дури и да учествува во заеднички самит, изјави денеска лидерот на оваа земја, Ким Јонг Ун во своето новогодишно обраќање на нацијата која важи за една од најзатворените во светот.
– Верувам дека може да ги продолжиме замрзнатите разговори на високо нивo и да почнеме нови за некои специфични прашања, доколку Јужна Кореја сака да ги подобри односните со нашата земја преку дијалог – порача севернокорејскиот диктатор.
Странските медиуми анализираат дека разговорите во минатото биле речиси невозможни и оти двете држави не се состанале од 2007 година. Тие анализираат дека и покрај искажаната добра намера на Ким Јонг Ун, сепак мали се шансите да се одмрзнат односите.
И дветe држави не кријат дека сакаат повторно да го обединат корејскиот народ, меѓутоа разликaтa е во тоа како да се постигне целта и каква влада да ја води обединетата Кореја.
Во 2015 година се навршуваат 70 години од Втората светска војна по која Кореја се ослободи од јапонската окупација, меѓутоа веднаш беше поделена на два дела.




