По само неколку секунди лансирање експлодираше последниот проектил тестиран од страна на Северна Кореја. Се чини дека на лидерот на оваа земја, Ким Јонг-Ун воопшто не му се важни предупредувањата од САД и Советот за безбедност при ОН.
– Јужна Кореја и САД се информирани за тестирање на проектил на Северна Кореја, што завршило несупешно, се вели во објавата на јужнокорејското Министерство за одбрана.
Ова тестирање доаѓа четири дена откако службите на Јонг-Ун соопштија дека испробале ракетен мотор, што за нив е голем скок напред во нуклеарната програма.
Ова не е прво тестирање овој месец за Севернокорејците. На 6.март испалени се четири среднодостигнувачки проектили кој завршија во водите под јурисдикција на Јапонија.
За американскиот претседател, Доналд Трамп, Северна Кореја останува најголемата закана за САД, бидејќи администрацијата на Трамп смета дека не е можно балансирање на агресивното однесување на Ким Јонг-Ун.




