Кинеските власти блокираа налог на социјалната мрежа Веибо на една фемиситичка група поради пријави дека го прекршила законот, бидејќи објавила пораки со критики на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп, објави групата „Феминистички гласови“.
На почтокот на овој месец членките на оваа група на профилот на кинеската варијанта на Твитер објавија напис во кој американски академици повикуваат на „генерален штрајк“ на жените на 8 март, преведен на кинески јазик.
Меѓутоа, кинеските власти ја известиле групата дека со содржината ги прекршиле кинеските закони и прописи, изјави за АП уредничката Сјонг Џинг. Објавените делови од написот биле отстранети еден ден подоцна, а налогот е блокиран на 30 дена.
Во написот се зборува за потребата за “нов бран на феминистичка борба“, против „агресивната, ќеномрзечка, хомофобна, трансфобна и расистичка политика“.




