Published: Monday, June 26, 2017 13:23
Кинескиот нобеловец Лиу Ксиаобо е ослободен од затвор откако му бил дијагностициран рак на црниот дроб, соопшти неговиот адвокат Мо Шаопинг.
61 годишниот борец за демократија на кој му преостанаа 3 години од 11 годишната затворска казна се наоѓа во болница во Шенјанг.
Според Шаопинг, тој нема посебни планови, туку сега е сконцентриран на неговото лекување. Се уште не е јасно дали на Ксиаобо му се дозволени посети.
Ксиаобо, кој е најпознатиот политички затвореник во Кина беше осуден во 2009 година за учество во активности за соборување на власта. Во 2010 година тој ја доби Нобеловата награда за мир.




