Кинеската мисија при Европската Унија (ЕУ), по повод повикот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг да ја осуди руската инвазија во Украина, потсети на бомбардирањето на нејзината амбасада во Белград во 1999 година и порача дека не ѝ се потребни предавања од оние кои го прекршиле меѓународното право.
„Кинескиот народ во целост може да сочувствува со други земји кои страдаат и патат, бидејќи никогаш нема да заборавиме кој ја бомбардираше нашата амбадсада во Сојузна Република Југославија“, изјави портпаролот на мисијата, пренесува „Фајненшл тајмс“.
Кинеското официјално лице го критикуваше НАТО поради неговите коментари дека земјата имала обврска како членка на Советот на безбедност на Обединетите Нации (ОН) да го почитува меѓународното право и да помогне да се стави крај на судирот во Украина.




