Министерството за трговија на Кина денеска издаде налог за прекин на увозот на јаглен, железо, железна руда, концентрат, оловна руда и морски плодови од Северна Кореја.
Ваквата олдука следи по насока на Обединетите нации кој на почетокот на овој месец усвои пакет санкции кон Ким Јонг Ун, а кои мораат да бидат применети 30 дена откако Советот за безбедност на 6.август ја изгласа резолуцијата.
Исто така, Кина како најголем трговски партнер на Северна Кореја и ја отежнува позицијата во тензичниот период на односите на Ун со Америка и Доналд Трамп.
Кина вети дека во целост ќе ги примени најновите санкции, откако САД изврши притисок врз Пекинг да стори многу повеќе за Северна Кореја да се присили на откажување од својата програма за нуклеарно вооружување.




