Не може да има победници во вооружен конфликт меѓу САД и Северна Кореја околу нуклеарното оружје на Пјонгјанг и рекетната програма, изјави денеска кинескиот министер за надаворешни работи Ванг Ји. Тој понуди помош во поддршка од неговата земја за дијалог меѓу двете страни.
Изјавата на Ванг доаѓа откако претседателот на САД Доналд Трамп ја нарече Северна Кореја „проблем“, по шпекулациите дека оваа изолирана комунистичка земја можно е да подготвува нов нуклеарен или ракетен тест.
„Во последно време тензиите се зголемија и постои чувство дека е можно да избие конфликт во секое време“, рече Ванг. Тој нагласи дека доколку дојде до војна резултатот ќе биде ситуација во која сите губат.
На заедничка прес-конференција неговиот француски колега Жан-Марк Еро изјави дека било која страна доколку предизвика конфликт мора да преземе историска одговорност и да ја плати соодветната цена.




