Кинеската сонда “Cange-4” слета на темната страна на Месечината откако беше лансирана од центарот Сичанг во југозападниот дел на Кина, објави Кинеската централна телевизија.
Сондата се спушти и испрати фотографија преку сателитот “Cekiao”, кој ќе го пренесува комуникацискиот сигнал од Месечината на Земјата.
Далечната хемисфера на Месечината, позната како “темна страна”, никогаш не е видлива од Земјата и не е истражена и покрај тоа што беше снимена во 1959 година, објави АФП.
На фотографијта се гледа карпеста површина „разорана“ со мали дупки, која се чини дека е голем кратер.
Беспилотното летало „Чанг‘е 4“ се спуштило во базенот наречен Јужен Пол-Ејткин во 10.26 часот по кинеско време и веднаш испрати први фотографии. Сондата носи инструменти кои ќе ја анализираат геологијата на регионот и ќе спроведе биолошки експерименти.




