Сликарското платно Кинеска девојка на Владимир Тречикоф за кое се верува дека е нарепродуцирано дело во светот се подготвува за аукција во Лондон. Рускиот уметник, кој почина во 2006 година, тврдеше дека на крајот на својата кариера има продадено пола милион репродукции низ светот. Портретот на младата кинеска девојка може да достигне цена и до 500.000 фунти. Моделот на Тречикоф била Моника Синг-Ли, во тоа време 17-годишна девојка, која ја сретнал додека работела во пералната на нејзиниот вујко, во Кејп Таун.