Published: Friday, June 2, 2017 08:36
Поранешниот шеф на кинескиот Завод за статистика, Ванг Баоан, осуден е на казна доживотен затвор за примање мито од над 22 милиони долари.
Ова кривично дело, според обвинението траело две децении.
Како што пренесува агенцијата АП, Ванг е обвинет поради тоа што овозможувал политички услуги во замена за пари, секс, недвижнини и деловни концесии.
Пресудата на Ванг е само една од седумте случаи на корупција во јавниот сектор, од вкупно околу 84 милиони евра примени како поткуп.




