Кинеските власти денеска наредија целосна изолација на градот Харбин на границата со Русија, по враќањето на студент од Њујорк, за кој се верува дека инфицирал повеќе од 70 луѓе. Харбин има повеќе од 10 милиони жители.
Се потсетува на Вухан епицентарот на коронавирусот. Во Вухан, град со околу 11 милиони луѓе, по строга изолација, сега има само двајца пациенти заразени со вирусот „Ковид-19“, но сега проблемот се појави во Харбин (град каде се прават спектакуларни фигури на мраз).
Во Харбин аеродромите и железничките станици се под строга контрола, каде има скенери и термички камери. Властите велат дека повеќе од 4000 граѓани на Харбин се тестирани и се чекаат резултати.
Пред да влезат во јавна или станбена зграда, граѓаните мора да се подвргнат на мерење на температурата и исто така мора да покажат апликација направена од здравствените власти за да докажат дека не се заразени. Тие исто така треба да ги почитуваат мерките за социјална оддалеченост, а забранети се јавни собири – свадби, погреби, настани …
Сите оние кои покажуваат симптоми, мора веднаш да бидат ставени во карантин. И сите нивни соседи, доколку живеат во станбена зграда, исто така, треба да останат во домовите најмалку две недели, при што полицијата контролира дали ја почитуваат оваа забрана.
Оние кои доаѓаат од странство веднаш се испратени на 28-дневна изолација.




