Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинг: Македонија е земја на потекло и транзит за нелегално огнено оружје

0
By Нова ТВ on December 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарот за безбедност, Џулиан Кинг, синоќа ги брифираше европарламентарците за безбедносната состојба и соработка во земјите од Западен Балкан. Македонија испливува како важна земја на потекло, транзит и дестинација за нелегално огнено оружје, рече комесарот.

-Безбедносната состојба во регионот е предизвик, но има и директен импакт врз нашата безбедност во ЕУ. Подобро е да извезуваме безбедност отколку да увезуваме нестабилност, рече комесарот во својот воведен говор, истакнувајќи ја важноста од засилена соработка со земјите од регионот во делот на безбедноста.

Главните безбедносни предизвици за земјите од Западен Балкан се мрежите на организиран криминал. што, исто така, се присутни во ЕУ, трговијата со оружје, џихадизмот, но и кибернападите и стратешката дезинформација и пропаганда, најчесто со руско потекло или спонзорирана од Русија.

Македонија беше експлицитно спомената од страна на еврокомесарот како земја на потекло, транзит и дестинација за огнено оружје, иако проблемот е присутен речиси во сите земји од регионот како последица на војните од деведесетите, посебно Босна и Херцеговина, која има највисока стапка на огнено оружје по жител.

-Огромен број муниција остана во јавен промет по војните, меѓу половина милион и 1,6 милиони домаќинства поседуваат огнено оружје, што доведе до големо зголемување на шверцот, рече комесарот Кинг.

Мрежите на организиран криминал се присутни во регионот, но посебно во Албанија и албанофонските заедници, истакна Кинг кој додаде дека “албанофонски криминални групи“ се инволвирани во разни криминали во земјите членки на ЕУ, како со тешки кражби, напади врз сопствеништва или, пак, напади брз банкомати. Албанија, исто така, е дестинација за украдени возила од ЕУ, како и земја на потекла за трговија со дрога во ЕУ.

-Ширум Европа, предизвик е организираниот криминал со потекло и поддршка од Албанија, изјави комесарот.

Црна Гора, пак, е „главна влезна точка“ за кокаин со потекло од Јужна Америка, што пристигнува преку брод и е наменет за земјите од ЕУ. А во Србија највеќе се произведуваат синтетички дроги.

Регионот се соочува со сериозен предизвик и со враќањето на странски борци од боиштата во Ирак и Сирија, насилната радикализација и идеолошкото влијание на вахабизмот и салафизмот. Европската комисија проценува дека околу 1.000 борци од земјите од регионот се наоѓаат или отишле во Ирак или Сирија, а 35 отсто од нив се вратени во своите земји и “претставуваат ризик“, како и во ЕУ.

-На Западен Балкан тие се закана во регионот и подалеку од него, или затоа што шират религиозна радикализција во затворите или затоа што добиле кратки затворски казни и брзо се ослободени без мониторинг и превентивни акции, предупреди Кинг.

Друго загрижувачко странско влијание е она од Русија, посебно во делот на кибернападите, пропагандата и дезинформациите.

-Пропагандата цвета онаму каде социјалната кохезија и меѓучовечката доверба е ниска, исто така ниската медиумска писменост ги прави покревки пред идентитетската политика и националистичката реторика, што дополнително ја ослабува социјалната кохезија, опиша комесарот.

Европската комисија забележува значајно руско влијание во регионот, вклучително преку обиди да се оддалечат земјите од реформскиот процес на ЕУ и од западните институции како ЕУ и НАТО. Во овој дел, рече тој, е многу важна кибербезбедноста. Не изостанува ниту кинеското влијание. Кина многу инвестира на Балканот, во голем дел од информатичкиот сектор.

Една од мерките за спречување на руските дезинформации, освен поддршката за зголемување на технолошките и киберспособностите на земјите, беше етаблирањето на посебна единица за Западен Балкан во “Стратком“, единицата за борба против лажни вести на европските институции.

Кинг истакна дека во последните години соработката помеѓу ЕУ и регионот во борбата против тероризмот и киберзаканите е зајакната.

Заеднички акциски план, исто така, е елабориран како последица на стратегијата на проширувањето и Софискиот самит во мај. Овој план има за цел, меѓу другото, да се бори против насилната радикализација и финансирање на тероризмот, како и да ги заштити граѓаните и инфраструктурите. Освен Србија сите земји во регионот до сега назначиле и национален координатор во овој дел. За борбата против радикализмот ЕУ става на располагање дванаесет милиони евра под ИПА средствата.

ЕУ Макеоднија нелегално оружје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.