Конзервативниот политичар Никос Анастасиадис победи по првиот круг претседателски избори на Кипар, но не со апсолутно мнозинство, заради што мора да се одржи и втор круг.

Според првичните резултати Никос Анастасиадис освои 45,4 проценти од гласовите, додека за поранешниот министер за здравство Ставрос Малас гласаа 26,9 проценти, додека кандидатот на центарот Јоргос Лиликас има 24,9 проценти од гласовите.

Во вториот круг во изборната трка учествуваат Анастасиадис и Малас. 66 годишниот десничар Анастасиадис пред своите гласачи сериозната предност ја објасни со зборовите: „Победа на силите, кои сакаат Кипар да сврти нова страница“.