Соединетите Американски Држави се против испорака на воени ловци од руско производство „Миг-29“ од Полска за Украина за да не ескалира ситуацијата и да не се испровоцира руски одговор, изјави Џон Кирби, портпаролот на Пентагон.
Нашите проценки укажуваат дека тоа би било грешка. Би била тешка ситуација за нас, но најмногу за украинскиот народ, кој се соочува со војна и таа војна уште повеќе да ескалира со испорака на офанзивни ловци, рече портпаролот.
Тој истакна дека помалку ризично е кога на Украинците им се даваат „Стингери“ и други рачни оружја за соборување летала и одбрана од тенкови.
Тие одлично ракуваат со нив и има резултати на теренот. Но испраќање на многу поразорно оружје како воени ловци можа да ја ескалира војната и да предизвика жесток одговор од страна Русите, вели Кирби.
Тој изјави дека околу 3.000 маринци ќе учествуваат во сојузничка воена вежба во арктички услови под назив „Ладен одговор“ што наскоро треба да одржи во Норвешка.




