Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кировски: 25 години кабелските операторите пиратираа, за нив закон не важеше

0
By Нова ТВ on February 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Операторите да ја преиспитаат најавата дека ќе прекинат со емитување на програмите на националните телевизии поради новите законски обврски за авторските права, а надлежните институции да ги потсетат на обврските што ги имаат со добиените лиценци за работа, порачаа денеска на прес-конференција петте национални телевизии од Македонската медиумска асоцијација (ММА).

Според нив кабелските оператори не може да бидат дотолку општествено неодговорни и да се закануваат со информативен мрак, со оглед на деликатната состојба со потребата за известување за коронавирусот, предизборниот период, очекувањето на датумот за почеток на пристапните преговори со ЕУ…

Ваквата жестока реакција следи откако вчера Здружението на информатичко-комуникациски технологии што ги обединува сите оператори донесе едногласна одлука за прекин на реемитување на сите домашни и странски ТВ канали, а како единствени содржини остануваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Причина за одлуката на операторите, за која не беше прецизно наведено кога би стартувала, се новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) што се донесоа непосредно пред распуштање на Собранието по скратена постапка.

Според, измените сега е потребна изјава за морална, материјална и кривична одговорност не само од кабелскиот оператор како што беше досега, туку и од емитувачот на самиот канал кој го реемитува кабелскиот оператор, со што ќе се гарантира дека се откупени авторските права за територијата на Македонија. По сила на законот, директорите на кабелските оператори ќе сносат морална и кривична одговорност, не само за непочитување на авторските права за реемитување на каналите што ги пренесуваат, туку и за непочитување на истите права од страна на странските радиодифузери што ги реемитуваат, што според операторите е неприменливо.

„Најавата од кабелските оператори и А1 и Телеком за исклучување на сите канали во нивните телекомуникациски мрежи е апсурдна, неразбирлива. Ние ги гарантираме авторските права 24/7 и гарантираме дека на нашата програма не се појавува никаква пиратерија, ништо за што не е регулиран договор и за што немаме законско право да емитуваме. Оттаму, навистина е чудно зошто нас би не исклучиле од нивните телекомуникациски мрежи како емитувања, особено што имаме и валидни договори, евентуално раскинување на тие договори трае 30 дена, така што ова е паушален незаконски чин, да не речам хир од страна на кабелските оператори“, рече на прес-конференција Атанас Кировски, претседател на ММА.

Операторите, како што беше кажано на прес-конференцијата, имале една година да се прилагодат за стапувањето во сила на Законот што беше донесен во 2018 година и за кој имаше јавна расправа и беше објавен на ЕНЕР.

„Не е точно, посочи, дека тој е донесен во нетранспарентна и брза постапка од Собранието, а кое изгласа само укинување на делот со кој се предвидуваше дека законот ќе стапи во сила 60 дена по конституирање на новиот состав на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, што не се случи“, рече Кировски.

Десетици пријави против кабелските оператори се проследени до Обвинителството но тоа не постапува по нив, а телевизиите, како што беше кажано, со години се тероризирани од пиратеријата што ја спроведуваат во медиумскиот простор.

„Во изминативе 25 години ниту еден закон не важел за телекомуникациските оператори, едноставно емитуваа или реемитуваа што ќе им падне на памет, постојано пиратираа и нивното работење со ништо не беше регулирано. Дали во Германија им се случува „РТЛ“ да пиратира програми“, рече Кировски, кој нагласи дека кабелските оператори без авторски права пренесуваат иста содржина посочувајќи го примерот со Европското првенство во ракомет, чии права ги имаше откупено телевизија Телма.

Првпат кога некој побарал и се заложил нивното работење да биде регулирано, како што додаде, тие се заканиле со одмазда врз граѓаните, врз телевизиите, врз сите чинители и една таква одлука ќе влијае и на бизнисот и на маркетинг агенциите и на сите.

„Навистина сум крајно непријатно изненаден и верувам дека ќе ја преразмислат таа одлука, а институциите во државата ќе интервенираат и ќе ги потсетат дека како што ние сме добиле од државата национални концесии и тие добиле од државата лиценци за да го работат тоа што го работат и оти не може да се однесуваат дотолку општествено неодговорно“, рече Кировски

Тој оцени дека изјавата на претседателот на АВМУ Зоран Трајчевски дека законот е донесен во брза и нетранспарентна постапка е политичка и оти со тоа тој се става над Собранието и треба да си поднесе оставка.

„АВМУ, особено  Трајчевски, се дел од овој проблем што се напластува изминатиот период. Неговото непостапување  е директна причина за еслакација на работата. Изегување во јавноста со такви лажни информации дека наводно е донесен закон без јавна рсправа и недемократски во последен момент е едноставно лажење во очи на јавноста или  некомпетентност на човекот. Тоа е недозволиво“, нагласи Кировски.

Како што укажа, националните телевизии ги гарантираат авторските права за програмите што ги емитуваат, но ние сме последната држава во Европа каде се пиратираат 10 -ина канали без авторски права кои создаваат нелојална конкуренција.

„Првиот критериум за да се приклучиме на европското семејство е почитување на законот. Не може да не се почитуваат Законот за интелектуална сопственост и Законот за авторски права. Оние одредби од Законот што важат за морална, материјална и кривична одговорност, како што важат  за телекомуникациските оператори, така важат и за телевизите. Некој очигледно пиратира и сака да продолжи да пиратира и се заканува на јавноста дека ако не му биде дозволено да пиратира тогаш ќе затемни и ќе влеземе во информативен мрак. Ова е навистина крајно непринципиелно однесување“, рече Кировски.

Од странските амбасади, како што тврди, добиле принципиелна поддршка дека треба да се почитуваат  авторските права. Потенцира дека не верува оти токму ЕУ би им дозволила пиратирање на телекомуникациските оператори. Повика за тоа да се изјасни и Делегацијата на ЕУ во Скопје, со оглед дека операторите се повикаа на крешење на европски директиви.

Како што наведе Кировски, петте национални телевизии се сооочувале со „примитивни“ закони во изминатиот период, но никогаш не се заканиле дека ќе ги исклучат сигналите и оти ќе ги ускратат граѓаните од информирање.

На одговорност повика и претседателката на Сојузот на стопански комори Даниела Арсовска, која порача дека  операторите имаат склучено договори со компаниите и граѓаните од кои произлегуваат права и обврски и тие треба да се почитуваат.

„Закани за информативен мрак се недозволиви, поточно потребно е да се почитуваат законите и воспоставените договори во рамки на облигациските односи. Сите зависиме од информациите кои се неопходни во деловното работење и затоа за еднострано раскинување или ад хок измени на договорите од страна на операторите, сите треба да се свесни дека ќе имаат реперкусии. Деловната заедница апелира дека треба да се почитуваат авторските права и правата на интелектуална сопственост како и регулативата да се почитува и спроведува неселективно“, истакна  Арсовска.

 

 

 

закон кабелски оператори кировски пиратерија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.