Published: Wednesday, December 23, 2015 08:48
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави дека ако до вечерва не биде познат мандатарот на новата влада, ќе распише предвремени избори.
Таа за денеска попладне го најави петтиот и како што рече, последен круг консултации, по што ќе мора да се знае мандатарот за состав на новата влада. Китаровиќ рече дека во спротивно ќе назначи техничка влада која ќе распише предвремени избори.
Синоќа по консултациите во нејзиниот Кабинет таа соопшти дека претставниците на Татковинската коалиција предводена од ХДЗ и на Мост информирале дека се блиску до договор и дека располагаат со 78 пратенички потписи, доволно да формираат влада.




