Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кијив: Цивилни цели во Украина под руски терор: Над 200 дронови и ракети за една ноќ, а Москва нуди „прекин на огнот“ за својата парада

0
By Zoran Ivanov on May 1, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 1, 2026 10:40

Во последните 48 часа, Русија продолжи со интензивни воздушни напади врз Украина, комбинирајќи масовни бранови дронови со ракетни удари, додека на дипломатско ниво се отвори нова контроверзија околу рускиот предлог за краткорочен прекин на огнот поврзан со парадата во Москва на 9-ти мај.

Најголемиот напад беше изведен во ноќта меѓу 29. и 30. април. Според украинските воздухопловни сили, Русија лансирала една балистички ракети, вклучително и Искандер-М и 207 дронови од различни типови, меѓу кои Shahed, Gerbera, Italmas и други. Украинската противвоздушна одбрана соборила или неутрализирала 172 дронови, но биле регистрирани погодоци од балистичката ракета и од 32 ударни дронови на 22 локации, според извештајот од Воздушните сили на Украина (Повітряні Сили Збройних Сил України).

Ова се совпаѓа со објавата на украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир, која на платформата X објави дека во текот на ноќта Русија употребила над 200 дронови и ракети против различни региони на Украина. Нејзината порака ја нагласува токму суштината на нападот: не станува збор за изолиран воен удар, туку за масовен терор врз целата земја.

Во ноќта помеѓу 29. и 30. април најтешко погодена беше Одеса, каде што руските дронови предизвикаа пожари и оштетувања на станбени згради, градинка, хотел, трговски центар, административни објекти и возила. Според извештаите на украинските служби вчера се повредени најмалку 18 лица, меѓу нив и 17-годишно момче. Две лица се во тешка состојба.

На фронтот, ситуацијата останува исклучително напната. Украинскиот Генералштаб соопшти дека само до вечерта на 30 април биле регистрирани 109 борбени судири, додека руските сили извршиле 51 воздушен напад, фрлиле 166 наведувани авио-бомби, употребиле илјадници камиказе-дронови и извршиле повеќе од 2.200 напади врз украински позиции и населени места. Најинтензивни борби се водат во правците Покровск, Костјантинивка, Хуљајполе, Купјанск и Лиман. Борбите продолжуваат и во текот на ноќта и утрото на 1 мај.

Претходниот ден, 29 април, украинските сили пријавија уште поголем број борбени судири – дури 177, вклучително и 41 напад во секторот Покровск, што покажува дека Русија ја одржува офанзивната динамика, но без јасен оперативен пробив.

Паралелно, Украина продолжува со удари длабоко во руската територија, особено врз енергетска и логистичка инфраструктура. Во последните денови украински дронови повторно го погодија рускиот пристанишен и нафтен комплекс во Туапсе, четврти пат во една недела, како дел од поширока стратегија за нарушување на руската воена економија.

Дипломатските извори на ЦИВИЛ укажуваат дека политичкиот контекст е подеднакво значаен. Русија предлага краткорочен прекин на огнот околу 9 мај, денот на воената парада во Москва. Претседателот Володимир Зеленски реагираше со скепса и јасна порака. Тој побара појаснување од американската страна за тоа дали рускиот предлог е вистинска иницијатива или само симболична пауза за потребите на московската парада.

Ги задолжив нашите претставници да стапат во контакт со тимот на Претседателот на САД и да ги утврдат деталите на руската предлог-иницијатива за краткорочен прекин на огнот. Украина се стреми кон мир и ја обезбедува неопходната дипломатска работа за реално завршување на оваа војна. Ќе се утврди за што конкретно станува збор: дали станува збор за неколку часа безбедност за парадата во Москва или за нешто повеќе. Нашиот предлог е долгорочен прекин на огнот, гарантирање сигурна безбедност за луѓето и траен мир. Украина е подготвена да работи за тоа во кој било достоинствен и ефективен формат.

Стратешки гледано, последните 48 часа покажуваат три паралелни процеси. Прво, Русија го нормализира масовниот воздушен терор како секојдневна форма на притисок врз Украина во која цивилите, нивните домови, установи и инфраструктура страдаат деноноќно. Второ, фронтот останува во фаза на тешка исцрпувачка војна, со голем број локални напади, но без стратешки пресврт. Трето, Москва ја злоупотребува дипломатијата за да добие тактичка пауза за безбедна воена парада, додека Кијив инсистира на реален, долгорочен и безбедносно гарантиран мир.

Во таа смисла, руската понуда за краток прекин на огнот не може да се гледа одвоено од ноќта во која над 200 дронови и ракети беа насочени кон Украина. Токму тука е суштината на украинската позиција: мир не може да биде церемонијален гест за веона парада, туку мора да биде механизам што навистина ги штити луѓето.

Извор: ЦивилМедиа.мк

напади руски Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

ВЕСТИ May 1, 2026

Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом на ССМ, а потоа ќе продолжи…

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.