„САД ја разгледуваат можноста за изведување воздушни напади на места каде што се концентрирани членовите на екстремистичката група ”Исламска држава Ирак и Левант“, не само во Ирак, туку и во Сирија“, објавува весникот „Гардијан“, повикувајќи се неименувани официјални претставници.

Администрацијата на Обама вели дека е скептична кон можноста за воена интервенција како во Ирак, така и во Сирија. “Воената помош не е исклучително средство, таа не е дури и мнозинско”, изјави вчера Обама, истакнувајќи дека одлуката на САД по овој повод ќе зависи од вештината на владата на Нури ал Малики да “носи тешки одлуки”.

Претставник на администрацијата на претседателот на САД истакна дека Обама може да донесе одлука за воена поддршка на Ирак уште овој викенд.

Во меѓувреме Меѓународната агенција за енергетика ИЕА соопшти дека новите судири меѓу регуларната војска и милитантните исламистички групи во Ирак, можат да доведат до турбуленција на пазарот.