Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се гради нова Универзална сала

0
By on March 15, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 15, 2013 15:29

Универзална сала нема да се реконструира, туку на нејзино место ќе се гради нова сала. Нов објект наместо реконструкција на стариот е одлука на Владата поради дотраеноста на старата Универзална, која не може да издржи доградба каква што е потребно, и за да се зголеми двојно капацитетот на седиштата кои сега се 1.500. Министерството за култура ќе ги почне подготовките за конкурс за идејно решение по завршување на локалните избори.

– По опсежна анализа на стручни лица и на Градежниот факултет се утврди дека реконструкција на Универзална сала нема да реши некои битни прашања околу функционалноста на објектот, администрацијата и околу армирано-бетонската конструкција на објектот. Анализите покажаа дека доколку при реконструкција се врши зголемување на количеството на челичната и бетонската конструкција, објектот не ќе може да ја прифати тежината затоа што е изграден пред 47 години. Такви дополнителни количини на арматура и бетон, според општите параметри, може да се поставуваат на објекти стари до 50 години. Освен тоа, ако се оди со реконструкција, не ќе може да се зголеми бројот на седишта во салата, кои според потребите се планира да бидат од 2.500 до 3.000, изјави министерката Елизабета Канческа-Милевска.

Според пресметките на проектантите, реконструкција би чинела до 11 милиони евра, а изградбата ќе била поскапа за 20 до 30 отсто.

Министерството за култура од годинашниот буџет ќе ги покрие трошоците за конкурс и проектирање по што, на крајот на годината, се очекува тендер. Објектот ќе се гради во следните години. Рокот не е прецизиран зашто концертните сали се специфични во ентериерот поради сценската технологија и акустиката.

Вицепремиерот Зоран Ставрески изјави дека проекцијата на буџетот дозволува да се планира изградба на нов објект.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026

Канада и Кина се согласија за меѓусебно намалување на царините

January 16, 2026

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026
ФОКУС
January 18, 2026Updated:January 18, 2026

Акција на ЈО и МВР: Пронајдени 350 000 евра заѕидани во ѕид – се сомнева на корумпиран судија

ВЕСТИ January 18, 2026

Полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал, по барање на јавен обвинител од…

Мицкоски го посочи Пендаровски за одговорност / Пендаровски му возврати

January 18, 2026

Нук: Толку беше – само по два дена германските војници го напуштија Гренланд

January 18, 2026

Монсур: Сирија повторнои гори – конфликтите се шират

January 18, 2026
ТИКЕР

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026

Канада и Кина се согласија за меѓусебно намалување на царините

January 16, 2026

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.