Повторно ќе се разгледува извештајот на американскиот истражител Мајкл Гарција за корупција во ФИФА при одлуките за светските првенства во 2018 и 2022 година во Русија односно Катар.
По барањата на првиот човек на УЕФА Мишел Платини и други големи имиња во светот на фудбалот, заклучокот од Комитетот за етика, и наодите на Гарсија ќе им бидат предадени на членовите на Извршниот комитет на ФИФА, кои потоа ќе одлучуваат за тоа какви ќе бидат следните чекори на светската Куќа на фудбалот.
>> Корупцијата на ФИФА, до кога ќе оди?
Со ова се отвора можноста за прегласување на одлуката за најголемиот фудбалски настан во 2018 и 2022 година, односно ФИФА уште еднаш да гласа за тоа кој ќе биде домаќин на првенставата во 2018 и 2022 година.
Русија и Катар домаќинството го добија уште во 2010 година на гласањето во Цирих.
И на двете земји се гледаше со скептицизам откако беа објавени одлуките. Во однос на Русија ФИФА беше критикувана дека ја одбрала земјата врз основа на политика, а за Катар покрај климата, најголемото негодување беше дека изборот е купен.
Англиската Фудбалска асоцијација која ја кандидираше Англија за домаќин за првенството во 2018 година, не го криеше своето незадоволство што беше поразена од Русија, па веднаш отвори јавна дебата за корупцијата во врвот на светскиот фудбал, сомневајќи се во изборот на двете земји.
По ангажманот на Американецот Гарсија, заклучоците од него велат одлуките за Русија и Катар се некомплетни и бараше неговиот извештај да се објави во целост, закануајќи се дека ќе поднесе жалба.




