Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кличко: Јануковиќ мора да сноси одговорност

0
By Нова ТВ on December 10, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот Претседател Виктор Јануковиќ ги започнува разговорите со тројцата поранешни претседатели Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко.

Во Киев, во рамките на напорите за смирување на политичката криза во Украина, се очекува да пристигне и шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон.

Стотици демонстранти и натаму се на плоштадот на независноста во Киев поради одбивањето на украинските власти да го потпишат договорот за асоцијација со ЕУ.

Украинскиот опозиционен лидер и поранешен боксерски шампион Виталиј Кличко рече дека Украина сака да стане европска земја и дека целиот систем треба да се промени.

Во интервју за Дојче веле, Кличко кој има централна улога во протестите против власта после одбивањето на претседателот Виктор Јануковиќ да го потпише договорот за придружување кон ЕУ, рече дека целиот систем во земјата мора да се промени и да се спроведат проевропски реформи.

Тој укажува на полициската бруталност кон демонстрантите кој предизвика бес кај граѓаните.

„Специјалните полициски единици во четири часот наутро брутално ги тепаа студентите и таа бруталност ја крена целата земја на нозе. Сите се разочарани поради начинот на кој Јануковиќ ја користи својата моќ спрема луѓето“, рекол Кличко.

Покрај повредените студенти, Кличко посочува дека биле повредени над 40 новинари, а 13 млади луѓе биле уапсени и осудени на најмалку два месеци затвор.

„Ние сме цврсто уверени дека Јануковиќ мора да сноси одговорност или да каже кој е одговорен“, вели Кличко и додава дека демонстрантите бараат оставка од владата и премиерот Никола Азаров, како и од министерот за внатрешни работи зашто тој е шеф на полициските сили и ослободување на сите демонстранти кои се политички затвореници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.