Украинскиот претседател Володимир Зеленски постапува неразумно и го распалува политичкиот конфликт, изјавил градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, во интервју за британскиот весник Тајмс.
Претседателот неразумно го распалува политичкиот судир во земјата, токму во момент кога ѝ е потребно единство, рекол Кличко.
Тој открил дека Зеленски го одбил неговото барање за средба, кога се обидел да разговара за состојбата во енергетскиот сектор во Кијив – иако прашањата за производство на струја и противвоздушна одбрана се во надлежност на украинската влада.
На почетокот од јануари, шефот на украинската држава јавно го нападна Кличко, обвинувајќи го за недоволна подготвеност на Кијив за воздушни напади.
Претходно, градоначалникот им препорача на жителите да го напуштат градот поради проблемите со струја и греење што, како што рече, било искрено предупредување за сериозната состојба.




