Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Климатските промени го загрозуваат и светското производство на нафта

0
By Ivana on December 16, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 16, 2021 11:14

Голем дел од светските резерви на нафта и гас се под закана од зголемени плими, бури, поплави и екстремни температури предизвикани од климатските промени, објави денеска консултантската компанија за анализа на ризик Вериск Мејплкрофт (Verisk Maplecroft).

Временските услови би можеле да влијаат на вадење на околу 600 милијарди барели нафтен еквивалент, што е 40 отсто од светските резерви на нафта и гас, а меѓу најзагрозените се најголемите производители на „црното злато“ – Саудиска Арабија, Ирак и Нигерија, наведува компанијата со седиште во Велика Британија.

Климатските промени ја погодија нафтената индустрија оваа година, кога екстремно студено време го погоди главниот американски регион за нафта, гас и рафинирање во близина на брегот на Персискиот залив, што доведе до долги исклучувања и намалено производство.

„Ваквите настани ќе станат почести и поекстремни, а уште потешко ќе ја погодат индустријата“, рече Рори Клисби, еколошки аналитичар во компанијата.

Нешто повеќе од 10 отсто од комерцијалните резерви на нафта во светот се наоѓаат во области кои консултантската компанија ги оцени како исклучително ризични, од кои речиси една третина се смета дека се изложени на висок ризик.

Екстремните горештини, недостигот на вода и песочните бури би можеле да бидат „Ахилова пета“ за Саудиска Арабија, водечки светски извозник на нафта, посочуваат истражувачите.

Нигерија, пак, каде што нафтените наоѓалишта се концентрирани во појасот на речниот систем на Нигер, е загрозен од суши и поплави, се наведува во истражувањето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.