Истражувајќи ги климатските промени, научниците од Технолошкиот институт Нанјанг во Сингапур открија дека тоа влијае на создавањето на атмосферскиот метан во многу поголема мера отколку што се мислеше. Точно ова го вклучи алармот на светската научна мисла зашто во поголеми количини во воздухот, метанот е со потенцијал да делува како стакленички гас. 

За да го спроведат ова истражување, научниците ги анализираа атмосферските настани во последните четири децении, земајќи ги предвид различните ситуации во кои температурните промени доведуваат до намалување или зголемување на метанот во атмосферата.

Поради климатските промени, Земјата би можела да произведе четири пати повеќе метан.

Научниците наведуваат дека во наредниот период Земјата би можела да создаде дури четири пати поголема количина на метан од претходно проценетото, додека согорувањето на овој гас би можело да биде исто толку намалено.