Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Климатските промени ќе ги убијат кактусите

0
By Соња Крамарска on April 20, 2022 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси две третини од видовите на кактуси ќе бидат изложени на помалку гостоприемливи клими во следните децении, бидејќи глобалното затоплување ќе се интензивира, според новото истражување кое е спротивно на вообичаеното верување дека овие пустински растенија ќе напредуваат кога ќе биде потопло.

До 2070 година, повеќето видови кактуси би можеле да исчезнат поради климатските промени и тоа три пати повеќе отколку сега, истакнуваат научниците во написот објавен во списанието Nature Plants. Речиси 1.500 видови кактуси кои се раширени низ светот живеат во различни клими, од пустини во низините до високите Анди, од екстремно суви екосистеми до влажни тропски шуми.

Главна закана за кактусите во моментов е проширувањето на земјоделството, со уништување на почвата, губење на биодиверзитетот и нивно берење за различни намени. Дури и без климатските промени, кактусите се „една од најзагрозените групи организми на планетата“, велат научниците, предупредувајќи дека повеќе од 30 отсто од видовите кактуси се во опасност од исчезнување.

Се посочува дека за четири до пет децении, речиси 25 проценти од видовите кактуси може да се најдат во клима која не им одговара.

Претходните истражувања покажаа дека фотосинтезата е отежната ако глобалната температура се зголеми за само два Целзиусови степени. Просечната температура на површината на Земјата, вклучувајќи ги и океаните, веќе е за 1,1 степен повисока отколку во индустриски времиња, а само на копно за околу 1,7 степени, пренесува хрватската агенција Хина. (Р.Н.)

кактуси климатски промени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.