Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клиничка исхрана за пациенти кои не можат да се хранат

0
By Нова ТВ on July 12, 2018 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 12, 2018 20:09

Препораки за исхраната според заболувањето, за прехранбените потреби, како и контрола, а со цел побрзо оздравување ќе добиваат пациентите во Кабинетот за клиничка исхрана.

Во Кабинетот за клиничка исхрана, кој првпат се отвори во Република Македонија, совети ќе добиваат пациентите кои треба да добиваат артефициална исхрана (ентерална или парентерална), која подразбира внесување хранливи материи преку дигестивниот систем. Станува збор за пациенти со кронова болест, со карцином, пациенти со синдром на кратко црево, деца со анорексија и сите оние кои имаат потреба од вештачки начин на исхрана.

Клиниката со средства од Фондот за здравствено осигурување набави нови ендоскопски капсули преку кои ќе се следат заболувањата на тенкото црево, што е многу значајно особено во делот на рано откривање на повеќе болести и превенција, велат на Клиниката за гастроентерохепатологија.

„ Работиме успешно на подобрување на услугите и условите за работа и ги зајакнуваме капацитетите со соработка со други клиники и болници во делот на исхрана и клиничка потхранетост“, изјави директорката на Клиниката, Калина Гривчева Старделова.

Министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека се обврзани заедно со СЗО и ги преземаат сите мерки за да ја промовираат здравата исхрана не само за пациентите, туку и за целокупното население.

Во врска со ендоскопските капсули рече дека со нив ќе се олесни дијагностицирањето на многу болести кои ќе се откриваат во рана фаза кога можат дури и целосно да се излекуваат.

„Министерството за здравство ќе продолжи и натаму во соработка со ФЗОМ да ги поддржува сите нови методи кои можат да се имплементираат на клиниките со цел да се подобри пристапот до здравствените установи и да се подигне квалитетот на здравствената услуг“, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање Гривчева Старделова потенцира дека на сите пациенти кои ќе бидат хоспитализирани на Клиниката ќе им бидат направени соодветни мерења за да им се одреди нивниот нутритивен статус и при одење од Клиниката ќе се повторат мерењата за да се утврди колку болеста е таа што ја предизвикува потхранетоста на пациентите и колку пациентите внеле храна според препораката што им е дадена.

„Ќе понудиме на сите болници кои имаат потреба од ваков тип контроли, исхрана на пациентите кои не можат да се хранат доволно, за да им понудиме наш совет и заедно да ги контролираме. Имаме четворица пациенти со синдром на кратко црево кои имаат потреба од ваков тип на исхрана“, рече Гривчева Старделова и додаде дека во проекција е да се набават 25 ендоскопски капсули годишно, а ако се укаже потреба ќе бидат набавени и повеќе.

Една капсула чини околу 700 евра, а парите се обезбедени од ФЗОМ. Клиниката работела на оваа проблематика од 2012 до 2015 година, кога застарел софтверот. Лекарите се задоволни што сега повторно ќе можат да им овозможат грижа на своите пациенти. Тие велат дека пациентите кои не можат да се хранат нормално поради одредена болест, со ваков тип на исхрана може да живеат со години. Храната може да се зема со голтање, но и со внесување на друг начин со сонда во организмот.

Засега ваков тип на исхрана ќе добиваат само лежечките пациенти, на товар на ФЗОМ, а лекарите се надеваат дека понатаму ќе се најде долгорочно решение за исхраната да биде покриена од државата и во домашни услови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.