Кандидатите за претседател на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, за десет дена ќе ги соочат своите ставови во прават телевизиска дебата.
Независната комисија која ги организира трите претседателски дебати и една на кандидатите за потпретседател, соопшти дека дебатата на 26 септември ќе се одржи на Универзитетот Хифстра во близина на Њујорк.
Според просечните резулати на последните пет анкети на јавното мислење, Хилари Клинтон има 43 отсто поддршка од гласовите, додека Трамп освојува околу 40 отсто од гласовите.
Дебатите меѓу Клинтон и Трамп ќе се одржат на 26 септември, 9 и 19 октомври.