Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клинтон: Извештајот на Малер укажува на сериозен криминал

0
By Нова ТВ on April 25, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 25, 2019 18:53

Поранешната кандидатка за претседател на САД и екс-државна секретарка, Хилари Клинтон, истакна дека извештајот на Роберт Малер укажува на сериозен криминал и дека Конгресот треба да започна истрага во стилот на скандалот „Вотергејт“, за попречување на истрагата од претседателот Доналд Трамп за руската вмешаност во американските избори.

Во колумна објавена синоќа во „Вашингтон пост“, Клинтон укажа дека не треба да се брза со постапка за отповикување на Трамп, како во случајот со нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон, туку Конгресот да изврши продлабочени сослушувања за наодите на извештајот на Малер.

По импичментот на Клинтон во 1998-1999 година, републикаците претрпеа пораз на следните избори за во Конгресот.

-Очигледно ова ме засега лично, и некои ќе кажат дека не сум најподобна да испраќам пораки, но изборот помеѓу импичмент веднаш и работите да се остават какви што се, е лош избор, напиша таа.

Деновиве, по објавувањето на извештајот, демократите се поделени за тоа како да одговорат. Истрагата на специјалниот обвинител не најде докази дека Трамп или негови соработници заговарале со Русија со цел манипулација на изборите. Сепак, нема заклучок дека Трамп не ја попречувал правдата – извештајот посочува на околу 10 случаи на обид од страна на претседателот да ја попречи или поткопа истрагата. Во извештајот се наведува дека Трамп повеќепати лажел во јавноста за неговите постапки.

Некои помлади предводници на Демократската партија сега бараат државниот обвинител Вилијам Бар и Малер да сведочат пред надлежните тела на Конгресот и започнување на постапка за импичмент на Трамп, а други сметаат дека постапката може да се одрази негативно.

Според Клинтон, извештајот го отвара патот за законодавците во двата дома на Конгресот.

-Ако се покрене, импичмент треба да биде спроведен од авторитетна фигура како Џон Доар, напиша таа. Доар е поранешен вработен во Министерството за правда ангажиран како специјален советник од Комитетот за правда на Претставничкиот дом во истрагата за скандалот Вотергејт и махинациите на Ричард Никсон, поранешен претседател на САД кој си поднесе оставка.

За време на Вотергејт, Клинтон била задолжена за персоналот на Комитет за правда на Претставничкиот дом.

Во врска со заклучокот на Малер за руската вмешаност, таа препорача Конгресот да формира надпартиско тело слично на она формирано по терористичките напади на САД на 11 септември 2001 година, за заштита на американските избори од секаква идна вмешаност на странски сили.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.