Кандидатката за претседателска номинација од Демократската партија Хилари Клинтон изјави дека добила приватни пораки од голем број странски лидери во кои тие изразуваат желба официјално да ја поддржат нејзината кандидатура за да го порази републиканскиот ривал Доналд Трамп.
Клинтон не сакала јавно да ги каже имињата на странските лидери, но рече дека им порачала дека за исходот од изборите ќе одлучат Американците.
Сепак таа додала дека доколку бидат прогласени за кандидати на своите партии и се соочат на претседателеските избори, нејзиното искуство на позицијата државен секретар ќе претставува голема предност во однос на Трамп.
-Верувам дека ќе има шанса навистина да се фокусирам на тоа колку доаѓањето на Трамп на местото претседател на САД би било опасно за нашата позиција во светот, за нашата безбедност и за мирот во светот, рече Клинтон.




