Во Советот за безбедност на ОН денеска ќе биде одржана шестата рунда гласање за нов генерален секретар, кое како и претходните ќе биде анонимно, но постојаните членки на Советот кои имаат право на вето ќе имаат гласачки ливчиња во боја.
Негативен глас на обоеното ливче на некоја од петте постојани членки – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција, би значело дека тој кандидат се соочува со вето поради што ова гласање и се смета за најважно досега.
Во претходните пет круга од гласањето, бившиот португалски премиер Антонио Гутереш има 12 позитивни, два негативни и еден неопределен глас, додека кандидатот на Србија Вук Јеремиќ има 8 позитивни, шест негативни и еден неопределен глас.
На трето место е словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак со освоени 8 позитивни, седум негативни и без неопределни гласови.
Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин, чија земја овој месец претседава со Советот за безбедност изјави дека не ја исклучува можноста при изборот да се случи „драма“, поради што Бан Ки мун би можел да остане на функцијата и во 207 година.




