Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Книжевно жезло“ за Бранко Цветкоски и Абдулах Сидран

0
By Нова ТВ on September 26, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 26, 2013 11:42

Македонскиот поет Бранко Цветкоски и босанскиот поет Абдулах Сидран се добитници на наградата „Книжевно жезло“ што Друштвото на писателите на Македонија традиционално ја доделува за творечки опус со осведочени естетски дострели.

Ова високо признание, како што се наведува во соопштението од ДПМ, се доделува во рамки на меѓународната манифестација „Празник на липите“ што се одржува во организација на Македонската писателска асоцијација.

Бранко Цветкоски е автор на петнаесет стихозбирки кои оставија свој печат во развојните текови на македонската поезија во изминатите четири децении. Меѓу неговите најзначајни поетски книги се вбројуваат „Свијок“, „Високи ветрови“, „Пресна пепел“, „Молитвен веј“, „Синори“ и „Оган во обрачи“.

Добитник е на високи книжевни признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Димитар Митрев“, „13 Ноември“ на Град Скопје и на државната награда за животно дело „Св. Климент Охридски“. Неговото творештво е презентирано на десетина јазици во светот во посебни книги, како и во низа антологии на современата македонска поезија. Добитник е на значајни признанија во Русија, Бугарија, Азербејџан и Турција.


Босанскиот поет Абдулах Сидран во литературата се појави во средината на седумдесеттите години на минатиот век, во генерацијата на млади поети кои внесуваа низа иновации на мотивско-тематски и стилско-изразен план. Автор е на книгите „Шахбаза“, „Коска и месо“, „Сараевска збирка“, „Болест од душата“ и „Песни после војната“. За својата поезија е наградуван со значајни книжевни и општествени признанија-Шестоаприлска награда на град Сараево, Годишна награда на Друштвото на писателите на БиХ, Годишна награда на издавачката куќа „Светлост“ од Сараево, Змаевата награда… Избори од неговата поезија се објавени во Австрија, Франција и Италија.

Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на централната приредба на манифестацијата „Празник на липите“ во јуни идната година. ДПМ ќе објави посебна публикација со избор од поезијата на лауреатите на македонски, босански и англиски јазик.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.