Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е Италијанецот што се фалел со „Сараевското сафари“?

0
By Zoran Ivanov on February 7, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 7, 2026 11:50

Осумдесетгодишен поранешен возач на камион од општината Сан Вито ал Таљаменто во италијанската покраина Порденоне, е осомничен за повеќекратни убиства во контекст на таканаречените викенд снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево во 1992-1995 година платиле за убивање цивили, објавува денес „Ил Газетино“.

танува збор за Џузепе Вегнадуцо, кој е ставен под истрага од страна на Обвинителството во Милано по обвинение за убиство со умисла во подолг период и отежнувачки околности.

Според истрагата, водена од обвинителот Алесандро Гобис во координација на карабињерите на РОС, Вегнадуцо бил меѓу Италијанците кои платиле за учество во таканаречениот лов на цивили во опколено Сараево, вклучувајќи жени, стари лица и деца.

За време на претресот на неговиот стан на 4 февруари, пронајдени се седум легално регистрирани оружја – два пиштола, една карабина и четири пушки. Осомничениот добил покана за сослушување во Обвинителството во Милано во понеделник, 9 февруари.

Истрагата доби нов моментум по сведочењето на жената, што го забележа новинарката Маријана Мајорино, која претходно објави стории за наводното фалење на Вегнадук за „лов“ во Сараево.

Познаници велат дека се натпреварувал со сограѓанин кој ќе улови најмногу пастрмки во блиското езеро. „Кога не го гледавте во обична облека, тој беше во рибарски костум и чизми. Секогаш го гледав таков“, вели еден познаник.

Тој се фалел со своите воени подвизи на Балканот, облечен во црна униформа. Осомничениот бил повикан во Милано во понеделник на сослушување од главниот обвинител Марчело Виола и обвинителот Алесандро Гобис, кои наскоро ќе отпатуваат во Хаг за меѓународна истрага.

Локалната заедница во Сан Вито ал Таљаменто е шокирана од веста, според извештаите на италијанските медиуми. Градоначалникот Алберто Бернава го изрази своето негодување и ја најави можноста општината да се приклучи како оштетена страна доколку се потврдат обвинувањата.

Обвинителството во Милано спроведува поширока меѓународна истрага за овој случај, а истрагата сега се проширува.

Извор: Слободен печат

Сараево сафари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.