Коалицијата Менуваме смета дека висината на посебниот детски додаток и додатокот за попреченост треба да се зголеми и за тоа подготвила предлог протоколи.
– Протоколите се плод на многу размислувања, разговори, согледување на негативните и позитивните страни на протоколите и методологијата на нивните изработки се базираше на следните факти. Посебниот детски додаток треба да се покачи 5.100 на 10.000 денари и додатокот за попреченост од 7.100 на 12.000 денари, велат од Коалицијата Менуваме.
Бараат Министерството за труд и социјална политика и Владата веднаш да свикаат владина седница и да донесат одлука за пренамена на буџетски сретства.
Потенцираат дека средствата кои се издвојуваат за финансирање на седумте инвалидски организации во земјава а на годишно ниво изнесуваат 180 милиони денари да се пренаменат и да се додадат во буџетот за посебниот детски додаток и додатокот за попреченост.
-Ако може сите невладини да се бориме без буџет со душа и срце можат и тие инвалидски организации кои ги нема никаде.  Коалицијата Менуваме како партнер од невладиниот сектор упорно чекаше решение за проблемот, но, се уште го нема и се одлучи на ваков начин да допринесе за брзо и ефикасно решение, се вели во соопштението од Коалицијата Менуваме.