„Задоцнета реакција“. Ова беше мотото на денешниот протестен марш на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На 16 март како последица на пожарот во оваа дискотека загинаа 62 лица.
Со слики во рака од своите најмили, маршот го почнаа од Паркот на револуцијата, се движеа кон трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани.
Тие го изразија својот револт кон институциите и новното неработење.
Маршот продолжи кон МВР при што укажаа дека полицијата задоцнила со нејзина реакција во секој поглед.