Љубомир Цуцуловски: Власта, предводена од ВМРО–ДПМНЕ, тврди дека опозицијата го кочи реформскиот процес, бидејќи подготвена е да излезе во пресрет на многу барања од опозицијата само ако го прифати начинот на кој би гласала дијаспората, предвиден со Изборниот законик.
Бидејќи тоа не го прави, следи дека опозицијата е главниот кочничар. Од друга страна, опозицијата, предводена од СДСМ, тврди дека од многу предлози и амандмани би се откажала, ако власта се откаже од предвидениот начин на гласање.
Бидејќи власта тоа не го прави, следи дека таа е главниот кочничар на реформите – поентира опозицијата. И сега, имајќи го предвид претходното, кој умен може да се снајде и да оцени кој е главниот кочничар – опозицијата, која треба само да го прифати начинот на гласање или власта, која треба само да се откаже од начинот на гласање, кој самата го преферира?
Извор: Фејсбук



