Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здравствена поддршка за граѓаните во Скопје и сите туристички места викендот

0
By Нова ТВ on July 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 31, 2020 20:07

Сите граѓани кои ќе имаат потреба од здравствена услуга за време на претстојниот празничен викенд, ќе може да се обратат во најблискиот здравствен дом во кој ќе има 24 часовна покриеност со екипи од Итната медицинска помош (ИМП) и домашна посета.

Како што соопшти Министерството за здравство на Фејсбук, во Скопје – дежурните ординации во трета смена, во недела и за празници ќе работат поликлиниките „Јане Сандански“, во Чаир, во Ченто, во Шуто Оризари, во Ѓорче Петров, во Драчево и на Бит Пазар. Со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашно лекување.

Во Охрид и околината, пациентите ќе може да се обратат во Службата за ИМП, а по потреба пациентите ќе се упатуваат во Општа болница Охрид.

Центарот за јавно здравје Охрид во текот на претстојниот викенд ќе има дежурни служби во одделението за лабораториска дејност-микробиологија за прием и вршење на редовни микробиолошки анализи, утре (1 август) од 8 до 12 часот.

Ковид-пунктот во Охрид ќе биде достапен утре од 8 до 12 часот за закажаните пациенти преку „Мој термин“ за земање материјали за тестирање на Ковид-19.

Во Струга, како што соопшти Министерството, е обезбедена 24 часовна здравствена заштита преку дежурни лекарски екипи во службата за Итна помош и домашна посета (контакт телефон: 076/203 533).

Во реонот на Дојран, обезбедена е здравствена заштита со дежурна екипа од Општа болница со проширена дејност – Гевгелија во амбулантата во Дојран од 8 наутро до 20 часот навечер, по што граѓаните ќе можат да се обратат во службата за ИМП која функционира на повик (контакт телефон 070/393 961).

Во рамки на Здравствен дом Берово, обезбедена е 24 часовна покриеност од службата за ИМП (контакт телефон: 078 447 603, 033 471 002).

Во реонот на Преспа и Ресен, Здравствениот дом во Ресен обезбедува 24 часовна покриеност од службата за ИМП која ќе има две медицински екипи на располагање за претстојниот викенд .

„Здравствен дом Ростуше ќе обезбеди континуирана здравствена заштита преку службата за ИМП во реонот на Маврово и околните населени места“, наведуваат од Министерството.

Итна помош Министерство за здравство Поликлиники Празничен викенд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.