Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се предците на модерна Европа?

0
By Нова ТВ on April 24, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 24, 2013 14:44

Новите истражувања од земената ДНК на древни европски скелети, откриваат дека генетскиот состав на Европа мистериозно се трансформирал пред околу 4.500 години.

Резултатите, детално претставени во вторникот во списанието Nature Communications, се анализирани од скелети откриени во централна Европа, со старост до 7.500 години.

“Она што е интересно е дека генетските маркери на оваа прва пан-европска култура, биле одеднаш заменети пред околу 4.500 години, а ние не знаеме зошто”, вели еден од авторите на истражувањето, Алан Купер.

Студијата, исто така потврдува дека луѓето излегувале надвор од Турција колонизирајќи ја Европа, најверојатно како дел од земјоделската револуција, достигнувајќи во Германија пред околу 7.500 години.

Со децении истражувачите се прашуваа дали луѓето, или само идеите, се ширеле од Блискиот Исток за време на земјоделската револуција која се случуваше по периодот на Мезолит.

За да го добијат точниот одговор, Купер и неговите колеги ја анализирале митохондријалната ДНК, која престојува во енергетските ќелии и се пренесува преку мајчината линија, од 37 скелетни остатоци од Германија и два од Италија; скелетите припаѓаат на луѓето кои живееле во неколку различни култури кои цветале помеѓу 7.500 и 2.500 години. Тимот ја пребарувал ДНК-та од точно одредена генетска група, наречена „хаплогрупа Х“, кој е пронајдена широко низ цела Европа, а помалку честа во Источна и Централна Азија.

Истражувачите откриле дека најраните земјоделци во Германија биле тесно поврзани со блискоисточните и луѓето од Анадолија, што укажува дека земјоделската револуција навистина придонела кон миграција на луѓе во Европа, кои ги замениле првичните ловци-собирачи.

Но првичниот прилив не е најголемиот дел од генетското наследство во Европа денес.

Наместо тоа, пред околу 5.000 до 4.000 години, генетскиот профил се променува радикално, укажувајќи на тоа дека некој мистериозен настан е факторот за огромниот обрт на популацијата која ја сочинувала Европа.

“Утврдивме дека генетската основа на модерна Европа била основана само во средината на неолитот, после големата генетска транзиција пред околу 4.000 години”, вели Волфганг Хак, уште еден од авторите на истражувањето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.