НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се Талибанците или „учениците“, потенцијалните идни „владетели“ на Авганистан

0
By Sashko on August 12, 2021 СВЕТ
Фото: ft.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Талибанците беа соборени од власт во Авганистан во септември во 2001 година по интервенција на меѓународната коалиција предводена од САД. Но, групата продолжи да се засилува и да освојува територии. Додека американските војници се подготвуваат за целосно заминување од Авганистан до 11 септември, по повеќе од 20 години присуство во земјата, Талибанците заземаат авганистански воени бази, помали места, села и регионални центри и се повеќе шират паника дека може урнат националната влада.

Во 2018 година тие влегоа во директни преговори со САД што резултираа со мировен договор во Доха во февруари лани со кој САД се обврзаа на повлекување од Авганистан, а Талибанците на воздржување од напади врз американските трупи.

Меѓу останатите нивни ветувања беа дека нема да дозволат делување на Ал Каеда или други милитантни формации и организации во подрачјата под нивна контрола и оти ќе продолжат во националните мировни преговори. Додека САД се подготвуваат за целосно повлекување, групата бележи брз напредок низ целата земја.

Се појавија на почетокот на 90-тите

Талибанците или „ученици“ на локалниот паштунски јазик, се појавија на почетокот на 90-тите години од минатиот век во северниот дел на Пакистан, по повлекувањето на советските трупи од Авганистан. Тоа, претежно, паштунско движење за првпат се вгнезди во верските објекти, воглавно финансирани со пари од Саудиска Арабија во кои се проповедаше тврдокорен сунитски ислам.

Ветувањето што Талибанците го следат во паштунските реони во Пакистан и во Авганистан се однесува на воспоставување на мир и сигурност, но и спроведување на нивната строга верзија на шеријат или исламски закон.

Тие брзо го проширија своето влијание од југозападниот дел на Авганистан. Во септември во 1995 година ја зазедоа покраината Херат која граничи со Иран, а точно една година подоцна го презедоа и главниот град Кабул, соборувајќи го режимот на претседателот Бурханудин Рабани, еден од основоположниците на авганистанските муџахедини кои се противеа на советската окупација. До 1998 година, Талибанците имаа контрола на, речиси, 90 отсто од територијата на Авганистан.

Нивни правила и закони

Нивната рана популарност дојде како последица на нивниот успех во сузбивање на корупцијата, изградба на патишта и слободна трговија на териториите под нивна контрола. Талибанците, исто така, поддржаа и воведоа казни во склад со своето строго толкување на шеријатското право, како јавно погубување на осудени убијци и прељубници и ампутации на оние кои се осудени за кражба. Мажите мораа да пуштат брада, а жените да носат бурка.

Талибанците, исто така, ја забранија телевизија, музика, театар и не дозволуваа настава во училиште за повозрасни девојчиња од 10 години. Затоа честопати беа обвинувани за различни кршења на човекови права и културолошки злодела. Еден од таквите озлогласени примери се случи во 2001 година, лкога Талибанците почнаа со уништување на познатите кипови на Буда во Бамијан, во централен Авганистан.

Малата Малала Јусуфи

Пакистан во повеќе наврати негираше оти поддржува Талибанците, но нема сомнеж дека многу Авганистанци, кои уште на почеток се придружија на движењето, се образуваа во медреси (верски училишта) во Пакистан.

Пакистан беше и една од само три земји, со Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои ги признаа Талибанците додека беа на власт во Авганистан. Но, и последа земја која ги прекина дипломатските односи со групата која одговори со закана за дестабилизација на Пакистан.

Еден од најпознатите напади на пакистанските Талибанци се случи во октомври во 2012 година, кога малата ученичка Малала Јусуфи беше застрелана на пат кон својот дом во градот Мингори.

Големата воена интервенција што следуваше две години подоцна, по масакрот во училиште во Пешевар, го намали влијанието на Талибанците во Пакистан. Најмалку тројца нивни истакнати ликови загинаа во напади со американски беспилотни летала во 2013 година, вклучувајќи го и водачот на групата, Хакимула Мехсуд, за глобалното внимание повторно да го привлечат по терористичките напади во Њујорк на 11 септември во 2001 година.

Меѓународна воена коалиција на чело со САД почна напади врз Авганистан на 7 октомври во 2001 година и до првата недела на декември беше соборен талибанскиот режим.

Новинари, судии, жени на позиции како мети 

Отприлика во истовреме, Талибанците ја презедоа контролата над главен град на една од покраините, за првпат по поразот во 2001 година, имајќи на тој начин контрола во стратешки важниот Кундуз.

Мула Мансур беше убиен во напад со американско беспилотно летало во мај во 2016 година, а на негово место беше поставен дотогашниот заменик Мавлави Хабитулах Акунџад кој сè уште ја контролира групата.

По мировниот договор со САД во февруари лани, се претпоставуваше дека Талибанците ја сменија тактиката и од сложени напади во градови и на воени утврдувања, ќе минат на бран на целни убиства. Се чини дека метите како новинари, судии, жени на позиции и мировни активистки, сепак, не ја променија екстремистичката идеологија на Талибанците, туку само нивната стратегија.

Движење со 85.000 борци

Откако не дозволија да бидат скршени по две децении војување со велесила, Талибанците почнаа да заземаат огромни делови од територијата на Авганистан, заканувајќи се со соборување на владата во Кабул по повлекување на стртанските војници. Се смета дека бројчано се помоќни од било кој момент по соборувањето од власт во 2001 година.

Според неодамншените проценки на НАТО, се верува дека Талибанците имаат до 85.000 борци. Контролата на нивните територии е тешко да се процени, но според скорешни анализи, тие држат меѓу третина и петина од Авганистан.

 

 

 

 

 

Авганистан Свет Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.