Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Кој е следен?“ утре пред Собрание

0
By Zoran Ivanov on March 28, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 28, 2025 22:33

Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ преку профилите на социјалните мрежи објави детали за утрешниот настан пред македонското Собрание, насловен „Народно Собрание“.

Народното собрание започнува утре, ќе започнеме да се собираме од 11 часот, официјално започнуваме во 12 часот, пред Собранието на Република Македонија. Ние му даваме глас на народот и работиме наместо нашите народни избраници, кои нè напуштија во моментот кога беа најпотребни.

Оттаму велат дека настанот ќе биде поделен во два дела.

Во првиот дел, ќе ги презентираме нашите барања – јасно и директно. Барањата се глас на граѓаните, глас на разумот, глас на сите оние кои со години бараат институциите да бидат сервис на граѓанинот, а не инструмент во рацете на партиите. Во вториот дел, микрофонот го отвараме за јавноста. Секој човек што чувствува неправда, што смета дека институциите мора конечно да си ја завршат работата, што бара поголема безбедност, одговорност и транспарентност, добредојден е да зборува. Добредојден е да го каже својот став, својата болка, својот предлог. Да не молчи, истакнуваат од Иницијативата.

– Сите можеме да бидеме следни жртви, но утре, ние ќе бидеме следни на микрофонот. Не смееме да чекаме повеќе. Гласот мора да се слушне, а институциите мора да реагираат, велат од „Кој е следен?“.

Да не заборавиме, кога пратениците се на одмор, народот е на улица. Ова е повик за одговорност. Денешните напади против „Кој е следен?“ се само уште едно поглавје од низата лажни приказни со кои се обидуваат да нè оцрнат, да нè замолчат, да ја извртуваат вистината. Но, вистината не може да се скрие зад спинови и манипулации. „Кој е следен?“ е на страната на вистината, на страната на правдата, на страната на граѓаните. Тоа можеби не им се допаѓа на некои, но се надеваме дека ќе биде препознаено од повеќето. Ви благодариме на поддршката, на храброста, на истрајноста, стои во објавата од иницијативата „Кој е следен?“.

 

кој е следен протест пшравила сабота
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.