Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е „свиркачот“ од Белата куќа: За Трамп е шпион-за медиумите агент на ЦИА

0
By Нова ТВ on September 27, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 27, 2019 09:29

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека човекот кој му помогнал на свиркачот, кој го обвини за злоупотреба на власт со цел политичка корист, личи на шпион кој извршил предавство.

Весникот Лос Анџелес тајмс објави дека ова Трамп го кажал во приватен разговор со американски дипломати и нивни семејства што се одржал во американската мисија во ОН во Њујорк.

– Кој е човекот што ја дал информацијата? Зошто тој ми изгледа како шпион? Знаете каква навика имавме на времето кога бевме умни, нели? Шпиони и предавство? Порано се однесувавме малку поразлично од сега? рекол Трамп, пренесува весникот, кој потсетува дека предавство се казнува со смртна казна.

Тие зборови на Трамп, објавени од весникот Лос Анџелес, предизвикаа реакција на тројца претседатели на комитети во Претставничкиот дом, демократите Елиот Енџел од Њујорк, Адам Шиф од Калифорнија и Илајда Камингс од Мериленд во заедничката изјава да кажат дека „Закани за насилството од страна на лидерот на нашата земја има застрашувачки ефект врз целиот процес на откривање, со сериозни последици за нашата демократија и националната безбедност“.

Тројцата претседатели соодветно на Комитети за внатрешни работи, разузнавање и контрола на Претставничкиот дом.

Кој е „свиркачот“

Во меѓувреме, весникот Њујорк Тајмс објави дека свиркачот е службеник на ЦИА кој во одреден момент бил запознат со работите во Белата куќа.

Според весникот, свиркачот бил распореден да работи во Белата куќа, но откако поднел жалба се вратил во ЦИА. Весникот нагласува дека врз основа на формулацијата на жалбата, може да се заклучи дека тој добро ја познава украинската политика.

Адвокатите на службеникот на ЦИА, истакнуваат дека објавување информации за него би било опасно и дека тој има право на анонимност.

Уредникот на Њујорк тајмс, Дин Баке ја бранеше одлуката на весникот да објави информации за свиркачот истакнувајќи дека неговата улога е клучна за да се разбере едно од најважните прашања со кои се соочува државата – дали претседателот ја злоупотребувал моќта и дали Белата куќа тоа го криела.

Извештајот на весникот досега го потврдиле три извори и е најдетален опис на инсајдерот чиј идентитет допрва треба да биде објавен, нагласува Њујорк тајмс.

Што содржи жалбата

Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на САД во четвртокот објави извештај на свиркачот, од каде ја отстрани назнаката за доверливост, во кој се наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп ја искористил својата позиција за да повика на мешање на странска државата во претседателските избори во 2020 година.

Во жалбата свиркачот напишал дека во рамките на своите задолженија дознал дека Трамп ги злоупотребил своите претседателски надлежности за „да издејствува мешање на друга земја во изборите на САД во 2020 година“. Тоа се гледа од настојувањата на Трамп до раководството на Украина да истражува за активностите на Хантер Бајден, син на неговиот политички противник, Џо Бајден. Од транскриптот се дознава дека Трамп бара од украинскиот претседател да започне истрага за наводна корупција во семејството Бајден.

– Ова е противзаконско дејство и изневерување на претседателската заклетва, обвинуваат демократите, а со цел „да се нашети на политички противник“.

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден е меѓу водечките кандидати на Демократската партија за номинација за следните претседателски избори во 2020 година.

Извештајот беше декласифициран и објавен од Комитетот за разузнавање по неколку недели контроверзии, што и помогнаа на спикерот на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, да покрене формална истрага за тоа дали треба да се отповика претседателот Доналд Трамп.

За само 24 часа откако во вторникот Пелоси објави почнување истрага за импичмент, предизборната кампања на Трамп собрала пет милиони долари од онлајн донатори. Во последните две донаторски пројави се собрани соодветно пет и три милиони долари.

Трамп на Твитер објави дека најдобар доказ за негова невиност за случајот е самата изјава на Зеленски дека тој не вршел притисок врз него за време на разговорот.

Мнозинство во Претставничкиот дом (221 од 235 демократски конгресмени), се изјасни дека ќе гласа за некаква форма на импичмент за Трамп.

За време на средбата со украинскиот претседател Зеленски синоќа во ОН во Њујорк, Трамп негираше дека извршил противправни дејства во разговорот со неговиот колега и ги спореди „30-те илјади украдени електронски пораки на Хилари Клинтон“, како многу посериозен прекршок, во одговор на пораката ка Клинтон дека тој „ги предал САД“.

Белата куќа вчера објави меморандум со декласицифирана содржина од разговорот на Трамп со Зеленски оддржан годинава на 25 јули. Од транскриптот се дознава дека Трамп бара од украинскиот претседател да започне истрага за наводна корупција во семејството Бајден.

– Ова е противзаконско дејство и изневерување на претседателската заклетва, обвинуваат демократите, а со цел „да се нашети на политички противник“.

Поранешниот потпретсдател Бајден се наоѓа во ек на предизборна кампања за номинација кандидат за претседател од демократите. Тој поддржа започнување на процедура за импичмент на Трамп.

Синот на Бајден до почетокот на годинава бил ангажиран во бордот на директори на украински енергетски холдинг, мета на корупциска истрага во 2016 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.