Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој губи а кој добива со реорганизацијата на министерствата во новата Влада?

0
By Marija Todorovska on June 5, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 5, 2024 12:03

Реорганизацијата на министерствата и институции според преставнициите на Европскиот фронт – ја прават ВМРО ДПМНЕ супериорна над албанската коалиција ВЛЕН. Според нив со ова реорганизација на министерства и институции Христијан Мицкоски си создава нови министерства за себе.
Кренар Лога од коалицијата Европски фронт смета дека ВЛЕН презел безначајни министерства. Според него со поддршката на ВЛЕН за програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ (Програма 1198) со промена на системските закони и создавање министерства/министри – само оди на штетата Албанците.

– 2/3 за Програмата на ВМРО, но не и 2/3 за уставните измени. Давањето поддршка од страна на ВРЕДИ за програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ (Програма 1198) преку менување на системски закони со 2/3 мнозинство, создавајќи министерства/ресори за да ги развластуваат Албанците, покажува нивна примерна вазалност. Создавањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го прави Министерот за економија неважен и само декор, односно министер без ресор. Истото се очекува да се случи и со Министерството за труд и социјална политика, одземајќи ги надлежностите за предучилишното образование, односно градинките, и префрлувајќи ги тие надлежности во Министерството за образование, што исто така ќе направи уште едно министерство што ќе го водат Албанците безвредно, реагирал Лога.

Блерим Беџети од Европскиот фронт изјави дека реорганизацијата на Владата ѝ служи само на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната програма и во неколку институции кои ќе ги водат нелегитимните претставници на Албанците на кои им се одземаат надлежностите и во старт се докажува дека без легитимитет секој може да си поигрува со ресорите и со надлежностите.

Од друга страна пратеникот од коалицијата ВЛЕН – Халил Снопче изјави дека не гледа причина опозицијата да го одбие предлогот за реорганизација на Владата бидејќи, како што вели, е за подобра функционалност, како и за реализација на владината програма.

– Сметаме дека треба да се поддржи барањето. Тоа е во склад со реализација на програмските определби, изјави Снопче.

Мицкоски најави отворање на Министерство за енергетика рударство и минерални суровини, бидејќи досега тоа бил еден сектор во Министерството за економија кое многу слабо ја вршел работата. Се планира досегашната Агенција за млади и спорт да биде трансформирана во Министерство за спорт, а секторот млади да влезе во Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Ресорот труд да влезе во Министерство за економија и труд, а оттаму да се издвои туризмот и да биде дел од Министерството за култура.

Министерство за информатичко технологија и администрација ќе биде министерство за дигитална трансформација, со цел поголема транспарентност, отчетност и очекувањата на граѓаните од администрацијата.

„За 10% е ветувано од ВМРО ДПМНЕ дека ќе се намали бројот на јавни институции, се предвидува укинување на позицијата заменик директор, како и намалување на управните и надзорни одбори и бројот на учесници во нив“.

Во јавниот сектор активни се вкупно 1.371 институции, вклучително и министерствата, во кои активно се вработени 128.879 луѓе, според Регистарот на Министерството за информатичко општество и администрација. Ако на ова бројка се додадат и оние кои се вработени со договор на дело -бројката доаѓа до околу 160 илјади.

Намалување на 10 проценти на јавниот сектор, како што ветува ВМРО-ДПМНЕ, во пракса треба да значи укинување на 137 институции и отпуштање на околу 16.000 вработени.

Независниот синдикат на државна администрација (НСДА) – ќе бара учество на нивни синдикални претставници во најавените реформи од страна на политичките претставници на новото парламентарно мнозинство произлезено од изборите на 8 мај.

Од НСДА за „Фронтлајн“ велат дека нивното учество во ова реформа е со цел транспарентност во сите постапки, а со цел, како што нагласуваат, подобро функционирање на самата институција и државата во целина.

– Во врска со најавените реформи изјавени од страна на политичките претставници како грански Независен синдикат на државна администрација каде членуваат вработени од јавната администрација ќе бараме претходно да се изврши обука како преквалификација и да се бара согласност од членовите за да бидат преземени во други сегашни или новоформирани институции. Независниот синдикат ќе бара учество на наши синдикални претставници со цел транспарентност во сите постапки а со цел подобро функционирање на самата институција и државата во целина, изјави М-р Горан Ристески – претседател на Независен синдикат на државната администрација.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

министерства нова влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.