Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колегите се збогуваа од актерот Бранко Ѓорчев

0
By on February 25, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 25, 2013 14:12

Колегите од Драмскиот театар, соработниците и студентите од Универзитетот ЕСРА денеска со долг аплауз се простија од актерот и директор на Драмски Бранко Ѓорчев, кој по долго боледување почина завчеравечер на 50 години.
На комеморацијата во неговиот матичен театар, кој го раководеше во изминатите шест години, тие се осврнаа на неговиот животен пат, љубовта кон театарот наследена од неговиот татко, актерот Ацо Ѓорчев, за 25-те години посветена работа на сцената.
– Ти беше актер со широк дијапазон, мајстор на сцената и не робуваше на клишеата, туку настојуваше да бидеш свој, полнокрвен, впечатлив, без оглед дали играше комични или драмски улоги. Остави печат со својот посебен и по многу нешта специфичен актерски сензибилитет…беспрекорната дикција, грижата за убавиот сценски говор, кој те вивна во самиот врв на македонското глумиште, рече Зоран Љутков.
Режисерот и уметнички директор на МНТ Дејан Пројковски, кој постави четири драми во кои играше Ѓорчев, а меѓу нив и последната „Хамлет“, рече дека е тешко за еден режисер да се збогува од својот актер, „од својот Робеспјер, својот Јонадаб, својот Клавдиј“.
– Твојата последна одиграна претстава „Хамлет“ претставува и метафора дека ти беше нашиот крал, крал на сцената… , рече Пројковски.
Актерката Катерина Коцевска се присети на 1987 кога Ѓорчев станал дел од ансамблот на Драмски и кога заедно настапиле во претставата „Закопано дете“, како и во последаната „Хамлет“ во која, како што рече, таа била кралица, а тој нејзин крал.
Актерката Јелена Жугиќ рече дека бил стабилен, умерен и со чувство за мерка, со јасна перцепција за нештата и посветеност во се што правел. – Искрено се грижеше за нас, неговото театарско семејство, не поддржуваше, не прекоруваше кога грешевме, се радуваше за нашите успеси и секогаш беше тука за нас… Бранко беше мојот сопруг на сцената, мојот театарски партнер, искрен пријател, мојот ментор во директорувањето на театарот „Комедија“, рече низ солзи Жугиќ.
На сцената со последни пораки излегоа и актерите Роберт Велјановски, Рубенс Муратовски, режисерот од Бугарија Владлен Александров и членови на семејството Ѓорчеви.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.