Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колективна тужба по смртта на четворица Роми во македонските затвори

0
By Нова ТВ on April 5, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 5, 2018 15:21

За девет месеци, четворица Роми починале во македонските затвори. Нивните семејства поднесоа заедничка тужба против Управата за извршување санкции и Министерството за здравство за дискриминација во нивниот пристап до здравствена нега и заштита што сметаат дека е причина за смртта на членовите на нивните семејства.

Семејствата пред судот ќе ги застапува Европскиот Центар за правата на Ромите.

„Андриас Реџепов и Јусинов Ердал умреле од предозирање со комбинација од метадон и бензодијазепами, иако ниту еден од нив не бил вклучен во програмата за метадонска терапија. Беким Демир наводно умрел од труење со таблети ’Празин’ откако му била дадена некоректна доза од страна на медицинскиот персонал. Суткие Мустафова умрела откако нејзините претходни здравствени компликации биле игнорирани и таа била обвинета дека ја лажира болеста, поради што персоналот ја повлекол навремената медицинската нега. За време на аутопсијата, во телото на Суткие била пронајдена висока доза на бензодијазепами.

И Управата за извршување санкции и Министерството за здравство се одговорни за обезбедување квалитетна здравствена нега на затворениците. Семејствата ги тужат овие институции за директна и индиректна дискриминација, бидејќи лошиот квалитет на здравствената нега во македонските затвори диспропорционално влијае на ромските затвореници“,  пишува во тужбата подготвена од ЕЦПР.

Кои се случаите

Андриас Реџепов кој имал 21 година починал на 11 март лани во затворот Идризово, под сомнителни околности велат во ЕЦПР. И покрај тврдењата на затворските служби, дека починал од прекумерна употреба на дрога, мајката на Реџепов вели дека нејзиниот син пред да почине бил претепан од затворските чувари. И претставникот на ромската заедница во Шуто Оризари, Геге Демировски кажал дека има докази дека затворските стражари  брутално го тепале Реџепов на скалите во затворот пред да го однесат во соба каде што продолжиле да го малтретираат.

ЕЦПР бара македонските власти да спроведат истрага која ќе ги утврди причините за смртта на Андриас. За нив е нејасно како може се поголем број  затвореници да умираат од предозираност, кога метадонската терапија  им ја даваат затворските чувари .

Десет дена по смртта на Андриас, на 22 март во затворот во Штип починал 25 годишниот Ердал Јусинов.  Еден ден пред да почине, тој  се жалел на болка во главата. Докторот, според сведоштва на ЕЦПР најпрво одбил да го лекува и го нарекол „циганско копиле“ за потоа да му даде апчиња без рецепт.

Изворите на ЕЦПР  велат дека на 17-ти март, докторот му дал непозната доза на необележани апчиња без рецепт, што ги примал се до денот кога починал. Според сведоштва, четири часа пред неговата смрт Јусинов барал прва помош, но не ја добил .

На 7 јуни 2017 година, во една од ќелиите во затворот Идризово починала Суткие Мустафова од Струмица. Таа била осудена на 8 години затвор. Била уапсена од 2012 година, а во изминатите неколку години, поради нејзината лоша здравствена состојба, била пренесувана во болницата повеќе од 20 пати.

Живко Пејковски, поранешниот директор на затворот изјавил дека затвореничката се  жалела дека има болки во градите и други болки, поради што повеќепати била транспортирана до скопските клиники, но секогаш ја враќале во затворот. Во текот на ноќта  на 7 јуни, нејзината состојба се влошила била повикана брза помош, но лекарот само ја потврдил смртта рекол Пејковски.

На 25 декември 2017 година во затворот Идризово починал 39-годишниот  Беким Демир. Официјално, тој починал од предозирање. Но, според ЕЦПР и овој случај е сомнителен, бидејќи Демир неколку часа пред  да почине се јавил на семејството и им кажал  дека има тешкотии при дишењето откако лекарот во затворот му дал две инјекции од кои се чувствувал парализирано. Го замолил своето семејство да дојде во затворот за да го спаси. Беким отслужувал 3-годишна казна затвор за кражба и немал сериозни здравствени проблеми пред да биде примен во КПУ Идризово.

Од ЕЦПР велат дека доколку судот не донесе задоволителна пресуда, правдата ќе ја бараат пред Европскиот суд за човекови права.

Според податоците  од Управата за извршување санкции, Ромите претставуваат 16% од затворската популација во Македонија, а истовремено  и 50% од смртните случаи во затворите во 2017 година (четири од осум).

Колективната тужба на семејствата е поднесена на 29 март до Основен Скопје 2.

НОВА во јануари годинава пишуваше за сите овие случаи, врз основа на податоците од ЕЦПР. И тогаш овој Центар тврдеше дека смртта е сомнителна и најавија дека случаите ќе ги изнесат пред суд, како дел од колективна тужба која вклучува смрт на тројца други затвореници Роми против Управата за извршување санкции при Министерството за правда

 

ЕЦПР затвореници колективна тужба Роми смрт сомнително
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.