Новата хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ му испрати писмо на генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-Мун и од него побара чекори со кои Војислав Шешељ ќе биде вратен во затворот во Хаг и чекори со кои брзо треба да се донесе пресуда за неговиот случај.
Според Грабар Китаровиќ, се уште не се сосема јасни причините поради кои во ноември минатата година Шешељ беше пуштен на слобода иако Хашкиот трибунал наведе хуманитарни причини поради нарушувањето на неговото здравје.
Грабар Китаровиќ смета во такви случаи се набројуваат вообичаени услови кои во случајот на Шешељ не беа наметнати. Така на пример од Шешељ не се бара да се воздржи од јавни настапи или ангажмани во политичкиот живот. Од него исто така не било побарано, вели Грабар Китаровиќ, да се обврзе дека ќе се врати во Хаг кога тоа од него ќе го побара судот.
Шешељ беше обвинет за воени злосторства во Хрватска и Босна 2003 година, судењето заврши во 2010 година но денес не е донесена пресуда. На 12 ноември содскиот совет на Хашкиот трибунал го ослободи привремено од затворската единици во Шевенигне поради нарушено здравје.




