Утре, 29 март, британската премиерка Тереза Меј и официјално ќе прогласи дека Велика Британија ја напушта ЕУ, во согласност со Членот 50 од Лисабонскиот договор. Тоа се смета за историски ден, бидејќи за првпат една земја најавува напуштање на заедницата.

По официјалната најва за почеток на Брегзит, започнуваат преговорите меѓу Велика Британија и 27 земји членки на ЕУ. Главното прашање притоа гласи: Колку Британците ќе мора да платат за разводот? Уште сега се споменува сума од 60 милијарди евра кои Брисел сака да и ги испорача на Британија како сметка, објавува Дојче веле.

Велика Британија секоја недела му плаќа на Брисел 350 милиони фунти. Токму ова „расфрлање со пари“, заговорниците на Брегзит во текот на кампањата за референдумот за излегување од ЕУ секојдневно го критикуваа.

Одлуката на гласачите кои го поддржаа Брегзит, премиерката Меј ја интерпретира вака: „Верувам дека тие многу јасно покажаа дека не сакаат и натаму секоја година да плажаат енормна сума за ЕУ“.

И нејзината Влада и Горниот дом на Парламентот, ангажираа правници да ја проверат правната состојба и дојдоа до следниот заклучок: Тогаш кога Велика Британија ќе истапи од ЕУ, таа веќе не е должна да плаќа ниту една фунта на ЕУ. Пратеникот на ториевците Џејкоб Рис Мог вели: „Немам никакви законски обврски кон ЕУ“.

Маргарет Тачер како пример

Брегзит најверојатно ќе заврши до пролетта 2019 година. Сепак, тековниот буџет на ЕУ го опфаќа временскиот период до 2010 година. За тој буџет гласаше и Велика Британија и така се обврза да исплаќа финансиски средства. Така на ова гледа Брисел. А тука се и британските службеници кои работат во ЕУ и чии пензии Лондон исто така би требало да ги покрие. Жестокиот заговорник за Брегзит Рис Мог сепак вели: „Тоа се одлични предуслови за почеток на преговорите“.

Велика Британија, моментално, по Германија е најголемиот финансиер. Доколку Лондон уплаќа помалку пари, тогаш другите земји ќе мора да плаќаат повеќе, или земјите кои добиваат, ќе добиваат помалку. ЕУ во целост или земјите членки поединечно, би можеле да го тужат Лондон доколку не ја подмири сметката за излез од Унијата.

Сепак, премиерката Меј може кон тоа да се однесува опуштено, велат домашните експерти, бидејќи како што вели бароницата Кишвер Фокнер, членка на Горниот дом на британскиот Парламент, тоа е дел од преговорите и тоа ј јакне позицијата на британската Влада.

Сепак, Британците веројано сакаат и по излегувањето од ЕУ да профитираат од некои европски програми, како оние на подрачјето на науката и истражувањата, и со тоа и по излегувањето да си обезбедат најдобар можен пристап. Во таа насока беше и изјавата на министерката за внатрешни работи Ембер Руд, дека мораат да се залагаат за што подобар пристап кон заедничкиот, внатрешен пазар. „Не знаеме колку тоа чини, но токму за тоа треба да се преговара“, изјави таа.

Министерот за надворешни работи Борис Џонсон како пример ја наведува Маргарет Тачер, која во 1984 година изнудила попуст за Британците од изнервираните европски партнери.

„Да се потсетиме на самитот од Фонтенбло во 1984 година кога Тачер си ги бараше назад парите. Верувам дека тоа е токму она што и ние ќе го добиеме“, вели Џонсон.

Токму овој судир околу парите се очекува да биде тема на самитот на ЕУ кон крајот на 2018 или почетокот на 2019 година.