Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку поблиску до денот на изборите, толку поконтаминирана станува политичката реторика

0
By Marija Todorovska on April 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 30, 2024 15:55

Политичката сцена во земјава колку повеќе се приближува до изборниот ден за нов парламентарен состав, толку повеќе се вжештува реториката на политичките експоненти.

Поаѓајќи од декларациите дека може да се формира влада и без Албанците, доколку албанските партии инсистираат на промена на Уставот со вградување на бугарското малцинство во Уставот, како дел од преговарачката рамка за почеток на преговорите со ЕУ, па се до тоа дека е прекршен принципот „победник со победник“ за владино коалиционирање.

Тука секогаш се изјавите од предизборната кампања, почнувајќи од претседателската па сега и парламентарната каде реториката е зацврстена до ниво кадешто од говорниците на партиските митинзи се испраќаат остри пораки, особено откако лидерот на македонската опозиција ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски по убедливата предност во првиот круг на претседателските избори со 180 илјади гласови пред кандидатот Пендаровски прогласи дека партнерот во владина коалиција ќе ја бара кај албанската опозиција.

Мицкоски особено на последниот митинг во Ѓорче Петров му упати порака на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека точно знае со кого соработува и што мисли да прави со група која ја нарекува „бандити“.

https://novatv.mk/storage/2024/04/mickocki.mp4

“Имам една порака до Али Ахмети. Точно знам што правиш со твоите соработници и со група бандити од скопска населба Бутел, кој што се собираат во еден стан во Топанско Поле наоружани до заби. Точно знам кои ги контролира, тој е оној истиот кој уживаше во претседателскиот апартмант во луксузен хотел во Истанбул пред многу години. Точно знаеме што правите, и точно знаеме што се обидувате да направите во деновите кои што следат“, кажа Мицкоски од митингот во Ѓорче Петров.

Левица: Со македонска платформа контра „тиранската и софиската платформа“

Со реторика на поделби не е исклучена ниту партијата „Левица“. Од ова партија велат дека тие на „тиранската платформа и софиската платформа“ ќе се спротиставуваат со македонска платформа

,Имате три платформи. Првата платформа е Тиранска платформа зад која стојат необалистички партии на албанското малцинство без оглед дали е ДУИ, дали е коалиција ВРЕДИ – тоа е еден ист концепт, кој води кон разградување на државата. Втората платформа е Софиска платформа зад која што стојат македонските буржујски партии: СДС и ДПМНЕ. И третата платформа, која ние денес јавно ја обзнанивме – тоа е Македонска платформа во 5 точки за зачувување на територијалниот интегритет, суверенитет, унитарноста и државните инсигнии”.– истакна Апасиев од Битола.

Димитриевски: Дефинитивно нема да имаме коалиција со ДУИ, ниту со актуелното раководство на СДСМ

Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија синоќа беше во Охрид со кандидатите за пратеници во ИЕ 5 и претседателот на Движењето, Максим Димитриевски.

Тој меѓу другото кажа дека во евентуална владина коалиција нема да учествуваат таму каде што е ДУИ.

„Дефинитивно нема да имаме коалиција со ДУИ, ниту во еден момент ќе влеземе во каква било коалиција со ДУИ, а исто така ни со актуелното раководство коешто го предводи СДСМ, затоа што сметаме дека тие имаат свои кандидатски листи коишто служат за обезбедување на имунитет на кандидатите коишто се на првите добитни места на листите и затоа во оваа прилика апелирам, бидејќи таа партија има голем број на чесни членови, домаќини луѓе, да се приклучат во ЗНАМ, бидејќи тука се суштинските корени на АСНОМ од коишто овој актуелен лидершип се откажа со тоа што ги избриша од самиот Устав основните асномски постулати“, кажа Димитриевски.

Претседателот на ова партија во едно негово гостување на телевизиска емисија навестуваше дека доколку албанските партии инсистират на уставни измени, тие ќе потпишат меморандум за македнонските политичи парти за состав на влада без албанските партии.

Кон сите овие изјави дека се навестува да се направи влада без Европскиот фронт, иаку парламентарните избори ќе се оддржат на 8 мај, Ахмети од Кичево пред неколку дена изјави дека народот одлучува за ова прашање.

„Ако на секој му текнува дека сака да влезе во влада, тогаш за што ние излегуваме на избори? Добро тогаш ќе чекаме кој ќе победи од македонската страна СДСМ или ВМРО-ДПМЕ, и кој ќе не повикува ние ќе чекаме на шалтер, и да ни викат ти си добар, ама Шабан не ми се допаѓа затоа што е малку нервозен. Не брат, народот одлучува! И другата страна ќе го почитува тоа бидејќи нема друг избор“, рече Ахмети.

Дури и Зиадин Села од Алијансата за Албанците (АА реагираше кон ова прашање, кој му порача на Мицкоски дека тој дефинира територијални граници.

„Тој ја избрал територијата на 54 отсто Македонци колку што беа на последниот попис и сега кога изјавува дека ќе гази по волјата на Албанците, тогаш мора да ни покаже каде е територијата на 30 отсто Албанци каде што тие треба да ја искажат својата пресуда и да изберат свои владини претставници и претставници на опозицијата“, кажа Села.

Од коалицијата „Вреди“ велат дека тие се единствените претставници на албанските гласачи.

„Но, на овие избори чист претставник на Албанците е само коалицијата ВЛЕН. Европскиот фронт има граѓански концепт. Али Ахмети, Мендух Тачи, Зиадин Села, помогнати од партии на малцинствата: Турци, Роми, Босанци, успеаја да направат разлика од чистата албанска коалиција ВЛЕН, но го загубија правото да се повикуваат на албански гласови и во национален концепт. На 8 мај ќе бидеме легитимни претставници и победници на албанскиот табор, со повеќе албански гласови, со повеќе пратеници Албанци и следствено на тоа ќе го контролираме мнозинството на Бадентер во следниот Парламент“, рече лидерот на Демократското движење и истовремено носител на Коалиционата листа ВЛЕН во првата ИЕ, Изет Меџити.

Назми Абдурахмани / Цивил Медиа

избори политичка реторика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.