НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку помагаат заштитните маски за одбрана од коронавирусот

0
By Нова ТВ on April 2, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во многу региони во Кина, носењето на заштитна маска е обврска по избувнување на пандемијата на коронавирусот. Сега тоа го воведуваат и многу други земји. На пример, Австрија воведе обврска за носење маски во супермаркети. И во Германија се дискутира за тоа.

Но, овие мерки не служат за да не се зарази здрав човек кој носи маска. Поентата е токму спротивна. Сите други треба да бидат заштитени од потенцијално заразените кои би го ширеле вирусот доколку не носат заштита врз устата и носот.

А, бидејќи заразениот може да ја пренесува инфекцијата и пред да покаже симптоми, практично секој човек е потенцијален пренесувач на вирусот. Логиката зад обврзувачкото носење на маски гласи: доколку сите се придржуваме кон правилото ќе се намали вкупниот ризик од зараза во општеството.

Хируршките маски ги штитат пациентите

Едноставната маска која ги покрива носот и устата, досега се користеше исклучиво во операционите сали. Лекарите и асистентите при операции ги носеа овие маски за да не ги инфицираат пациентите со патогени на операционата маса. Доколку оној кој носи маска кива или кашла, најголемиот дел од капките остануваат во маската.

Но, тоа долгорочно функционира само ако маските редовно се менуваат и безбедно и хигиенски се отстрануваат и фрлаат. Во операционите сали, маските мора да се менуваат најмалку на секои два часа. Доколку носите повеќепати таква маска таа брзо ја губи својата функција. И сличните маски од платно мора често да се менуваат, за да не преживеат вирусите на нив.

Колку заштита пружа маската?

Оној кој носи маска може да само ограничено да се заштити од пренос на инфекција со капки или со допир на заразена површина (На пример, доколку со рака допрете заразена површина, а потоа својата уста, нос или очи). Затоа што вирусот најчесто во организмот влегува преку устата, носот или очите, но најважната улога ја играат рацете.

Хируршките маски комбинирани со заштитни очила немаат голема улога во одбраната од капки кои содржат вируси. Многу поважно е постојано да се потсетувате да не ги допирате носот или очите.

Маски за подобра заштита

Покрај хируршките маски, кои изгледаат како кујнски салфетки за еднократна употреба, постојат и маски со вистински филтри. Тие им се познати на занаетчиите, а, пред се, штитат од прашината која е штетна по здравјето и од аеросолите.

Такви почнаа да се користат и во болниците кога лекарите и другиот медицински персонал доаѓаат во контакт со многу заразени пациенти. Во тие случаи се користат и заштитни очила, гумени ракавици и кецели за една употреба или комбинезони.

Таквите маски постојат како маски за еднократна употреба, често од целулозни влакна со вградени филтри и вентили за излез на воздухот, или како маски од пластика со вградени адекватни филтри. Во ЕУ овие маски се поделени во три категории на заштита – ФФП (filtering face piece).

Маските од категоријата ФФП-1 се можеби подобри од хируршките маски, но не пружаат заштита од вируси. Тие се наменети, на пример, за столарите кои работат на ленти со вшмукувачки уреди, за да ја запрат крупната прашина. Истата можат да ја користат и ѕидари при мешање цемент.

Само маските од типот ФФП-3 штитат од капкасти аеросоли, протеински молекули, вирус, бактерии, а при добра примена можат да заштитат дури и од опасна прашина како азбестни влакна. Со оглед на актуелниот недостаток на овие маски, Институтот „Роберт Кох“ дозволува употреба на маските ФФП-2 во инфективната медицина. Но, оваа маска е спорна меѓу лекарите.

Ако веќе се користи, ова е начинот

За разлика од едноставните хируршки маски, ФФП-3 маските можат да заштитат од инфекција. Дури и од многу инфективни патогени како сипаници или туберкулоза. Но, и тука, заштитата функционира само доколку истовремено се преземат и други заштитни мерки: стриктна хигиена при ставање на маската, заштитни очила, ракавици и пластични кецели или комбинезони, стручно отстранување на контаминирани артикли за еднократна употреба и редовно миење раце. Исто така, и просториите мора редовно да се дезинфицираат.

Овие маски се користат во карантини во кои се негуваат заразени пациенти. А, тоа е голем напор за медицинскиот персонал-облекувањето на комплетната заштитна облека и опрема, вклучително и нејзиното правилно отстранување.

заштита Коронавирус маски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.