Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку реално ќе плаќаме струја од 1 јули? Експертите велат дека цената ќе удри по џебот на граѓаните

0
By Соња Крамарска on June 29, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 29, 2022 11:07

Идејата за поделба на блокови за потрошувачка енергија според кои ќе се утврдува цената за потрошен киловат час во пракса ќе покаже дека е речиси невозможно едно четиричлено семејство да ги задоволи сите потреби во текот на еден месец, а да потроши по 210 киловатчасови месечно електрична енергија и да влезе во првиот тарифен блок, во кој се очекува цената ќе биде најприфатлива и најниска, објави денес весникот Нова Македонија.

До ваков заклучок доаѓа професор Васил Шаревски од Машинскиот факултет, чиј научен интерес е термотехника и термоенергетика, кој за весникот изготвил анализа во која се гледа дека едно четиричлено семејство користејќи ги сите апарати во домаќинството за еден месец ќе потроши многу повеќе електрична енергија.

Во врска со блок тарифите за цената на електричната енергија (во скапа тарифа), од страна на Регулаторна комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ) е предложено потрошувачката на електрична енергија во Блок 1 да изнесува до 210 киловатчасови месечно. Со едноставна анализа може да се утврди дека потрошувачката на просечно четиричлено семејство е значително поголема од 210 киловатчасови месечно – посочува тој.

Ова е неговата кратка анализа за потрошувачка на електрична енергија за просечно четиричлено семејство.:

  1. Електричен шпорет
    • просечна инсталирана моќност на рингли на електричен шпорет изнесуваат 1,2 – 2 киловати, а на рерната 2,5-3,5 киловати.
    • за подготовка на еден оброк и кафе (времетраење од 3 часа) ќе се потрошат минимум 6 киловатчасови на ден.
  2. Клима уред
    • за клима уред со ладилен капацитет 3,5 киловати, инсталираната моќност на електромоторот за погон на компресорот изнесува 1,45 киловати.
    • новите клима уреди со инвертер (поекономични), просечна моќност 1 киловат, за 10 часовна работа ќе потрошат 10 киловатчасови на ден.

Електрични бојлери за тоалет и кујна
• За загревање на 240 литри на ден (60 литри на ден за човек) вода од 15 степени Целзиусови на 40 степени ќе се потрошат 7 киловатчасови на ден. Преку ден, односно во скапа тарифа, бојлерите вкупно би работеле 2,5 часа дневно (грејачите на бојлерите се со капацитет 2 – 3 киловати)

  1. Ладилник
    • Електрична моќност на компресорот изнесува 150 – 250 вати. За 16 часовна работа (во скапа тарифа) потрошувачката на електрична енергија изнезува 3,2 киловатчасови на ден.
  2. Лаптоп /Десктоп компјутер/Мобилни телефони
    • Mинимална потрошувачка на елeктрична енергија за два уреди изнесува 1 киловатчас на ден.

– Со ваква пресметка се заклучува дека вкупната потрошувачка на четиричлено семејство на ден е 27 киловатчасови, односно 810 месечно – вели професорот.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе објави колкаво ќе биде поскапувањето на струјата од 1 јули. Претходно објави како ќе се пресметуваат сметките за струја за домаќинствата во скапа тарифа, нов модел кој ќе почне да се применува од јули. Така, границата на првиот тарифен блок е 210 киловат часови потрошена струја во период од 30 дена. Вториот тарифен блок е до 630 киловат часови потрошена струја во период од 30 дена. Третиот блок е до 1.050 киловат часови, а четвртиот блок е над 1.050 киловат часа.

Блок нови цени на струја Пресметка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.