НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку треба да е цехот во кафеана за некој да одговара пред законот

0
By Нова ТВ on July 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за внатрешни работи денеска на брифинг со новинарите објави десетина фискални сметки за поранешните функционери од МВР, БЈБ и УБК на кои може да се види што јаделе и колку пари трошеле функционерите во скопските кафеани. На дел од копиите од документите кои им беа дадени на новинарите МВР можеа да се видат дополнувања со пенкало како „Смилковско езеро“ или „Кумановски настани“ и „Никола Младенов“. Од министерството сакаа да предочат дека на денот кога се случиле овие настани одредени вработени со службените картички плаќале ручеци и вечери. Овие случаи важат за болни теми во македонската јавност особено поради контроверзните истраги и се уште присутната недоверба на семејствата на жртвите дека вистинските луѓе се донесени пред правдата.

Дел од новинарите кои беа присутни коментираа дека овие асоцијации се невкусни и популистички, а имаше и такви кои се пожалија дека Министерството не одгавара на барањата на новинарите согласно законите во однос на овие трошоци, а потоа од нивните прашања прави јавни брифинзи.

„Денеска беа презентирани неколку фискални сметки, но не беа презентирани ниту податоци за тоа дали воопшто има индиции за злоупотреби на државните пари. Не се знае кој ги потрошил овие средства и за кои цели. На крајот на краиштата, помалку е важно дали се јаделе бифтеци на државна сметка од тоа дали некој треба да одговара за злоупотреба на службата. Од државните институции таков одговор засега нема. Граѓаните разбраа дека се трошело многу, но од новата власт се очекува да ја лоцира одговорноста, а не да ги дели менијата на функционерите, што оддава впечаток на чист популизам“, вели новинарката Мери Јордановска.

Од МВР не одговорија дали и како оние што ги злоупотребиле парите на граѓаните ќе сносат одговорност. Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски уште пред неколку месеци изјави дека почната е процедура за да се отвори истрага за трошењето во Министерството за образование по обемната анализа на нивните трошоци која ја објави НОВАТВ.  Досега нема ниту обвинителен акт, ниту пак официјално е соопштено дали е покрената некаква пријава.

Единствен правилник за тоа кои трошоци можат да бидат репрезентативен трошок не постои. Секоја институција треба да донесе свој правилник во кој ќе предвиди колку пари можат да потрошат раководните лица на институцијата и да ги пријават како репрезентативни трошоци.

Како што брифираа од МВР, службена картица поседува министерот и неговиот заменик, директорите на УБК и БЈБ и државниот секретар.

Новинарите и експертите кои се занимаваат со корупција, овој потег на Министерството за внатрешни работи, го оценија како популистичка мерка. Наместо да се спроведат истраги и сите оние што ги злоупотребувале парите на граѓаните да  одговараат за тоа, МВР презентира одбрани сметки пред јавноста.

Од Министерството кажаа дека побарале да се направи ревизија за работењето, но досега нивното барање не било исполнето. Од таму најавија дека повторно ќе побараат Државниот завод за ревизија да направи проверка на работата на министерството.

Исто така најавија дека во тек е подготовка нов правилник кој ќе утврди кои трошоци смеат, а кои не смеат да се признаат како репрезентативни трошоци на функционерите.

Сеопшта забава со ручеците на функционерите, но ниту збор за одговорноста

За ручеците и вечерите на поранешните функционери се пишува речиси во секој медиум. По доаѓањето на новата влада почнаа да протекуваат ваквите документи коишто на новинарите претходно не им беа достапни. Но по објавените серијали со разни сметки за скапи вечери, ручеци и хотели за поранешните министри, досега ниту една институција не се огласи да каже дали ќе се покренат истраги.

Миша Поповиќ во вчерашната анализа на „Телевизијата 24“ рече дека дел од случаите во кои се граѓанските пари се трошат на јадење, пиење и облека се јасен сигнал на корупција. А според него истрага треба да има и за тоа дека парите на граѓаните не се трошеле домаќински и одговорно.

„Тука потфрлиле контролните механизми. Прво внатрешната ревизија во институциите која не го забележувала тоа што се случува. Потфрлил и државниот завод за ревизија, како и јавниот обвинител. Најклучно од се, мислам дека е тоа што пратениците требале да бидат повнимателни за тоа како се трошат граѓанските пари во завршната сметка на институциите“, рече Поповиќ.

Според поранешниот член на Антикорупциската комисија Ариф Муса, информациите како функционерите ги трошеле парите на граѓаните не се и не треба да бидат класифицирани.

„Треба да се провери и колку смееле да трошат и за репрезентација и за службени патувања и јавното обвинителство да отвори предмет и да истражи за што се трошеле граѓанските пари. Сите што незаконски трошеле пари и правеле злоупотреба на функцијата треба да одговараат“, рече Муса.

Како овие информации завршија во јавноста

На денешниот брифинг во министерството, новинарите исто така реагираа и за тоа како може сметките кои до пред десетина дена биле „тајни“, „лични“,  „интерни“ и „класифицирани“ податоци сега наеднаш да станат достапни за јавноста.

На прашањата од новинарите, како сега овие податоци станале јавни, а до пред само неколку дена биле лични и тајни податоци, од МВР велат дека Владата донела заклучок тие да се објават. Исто така од МВР брифираат дека Владата наложила да се подготви нов правилник со кој ќе се утврди што смее да биде репрезентативен трошок.

„Она што мене во случајов ме загрижува, со новата власт, е како е можно до пред 2 недели еден податок за МВР да биде „личен“, за потоа наеднаш да стане „јавен“ и податоците да бидат пласирани пред јавноста на крајно аматерски и непрофесионален начин.  Два и пол месеци се обидував да ги добијам податоците за репрезентација од сите министерства и буквално од сите добивав различни одговори – за некои, како што е МВР, тие податоци беа „личен податок“, за дел беа „интерен податок“ па подоцна беа декласифицирани“, вели Јордановска.

МВР одговорност трошоци фискални сметки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.