Колона демонстранти меѓу кои студенти,активисти, пензионери, политичари и родители со своите деца во моментот се пред Собранието каде се одржува деветтиот по ред протест против колективната аболиција која ја даде претседателот Иванов, јавува репортерката на НОВА Славица Филиповска.
Протестот е мирен, пристапот до Собранието е слободен, додека Законодавниот дом е под силно полициско обезбедување.
Демонстрантите кои тргнаа од пред СЈО, до Собранието скандираа „Нема првда нема мир“, а по пат поминувајќи покрај Министерството з а правда и народната канцеларија на претседателот, тие на разглас кон полицијата извикуваа „Дојди приклучи“.